Еден од фаворитите остана без својот нос!!!
Трка ли беше ова што го гледавме, што ли беше. Многу контоверзна за гледачите и хаотична трка за тимовите. На сцена и тоа на големо и без срам во игра влегоа тимските наредби, жалење на возачите, непочитување на тимскиот колега. На оваа трка и толку "поштените" тимови го покажаа своето лице. Дефинитвно после оваа трка не може никој да го напаѓа толку озборуваниот тим на Ферари, кога се во прашање тимските наредби. Сите се во ист кош. По оваа трка се си дојде на свое место, се дефинираа главните конкуренти за Титулата, а тоа секако не се Вебер, Розбег, Маса, Грожан.Себастијан Ветел со нова Победа во неговата кариера, која требаше да ја слави Марк Вебер. Имено при последното влегување во боксовите тимот на Ред Бул издал тимска наредба да се исклучат моторите од највисоки поставки и секој возач да ги задржи своите места. Оваа наредба не беше почитувана од Себастијан Ветел, кој повторно во игра го внесува својот карактер на "плачко" кога работите не одат како треба. Од тимот не стигна друга наредба, па Вебер си остана на второ место. Веднаш зад нив, тимските наредби беа во игра. На Нико Розберг не му беше дозволено да го помине Луис Хамилтон, кој по, исто така, намалувањето на високите сетинзи на моторите, беше полжав на патеката кој не смее да биде поминат при исти сетинзи.
Разочарувањето на денот е за Фернандо Алонсо кога при обид да го помине Себастијан Ветел за првото место заврши со оштетено крило. Трката за него беше завршена по лошата одлука да продолжи да вози со оштетено предно крило, кое неколку моменти подоцна целосно се скрши и Шпанецот заврши надвор од патеката.
ГОЛЕМА НАГРАДА НА МАЛЕЗИЈА, СЕПАНГ, КУАЛА ЛУМПУР.
56 круга, 310.408км, Време: влажна, па сува патека.
ПЛАСМАН:
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ
1. Себастијан Ветел Ред Бул 1ч38:56.681
2. Марк Вебер Ред Бул + 4.298
3. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ + 12.100
4. Нико Розберг Мерцедес АМГ + 12.640
5. Фелипе Маса Ферари + 25.600
6. Роман Грожан Лотус + 35.500
7. Кими Раиконен Лотус + 48.400
8. Нико Хулкенберг Заубер + 53.000
9. Серџо Перез Мекларен + 1:12.300
10. Жан-Ерик Верн Торо Росо + 1:27.100
11. Валтери Ботас Вилијамс + 1:28.600
12. Естебан Гутиерез Заубер + 1 круг
13. Жил Бјанки Марусија + 1 круг
14. Чарлс Пик Катерам + 1 круг
15. Гидо ван дер Гард Катерам + 1 круг
16. Макс Чилтон Марусија + 2 круга
17. Џенсон Батон Мекларен + 3 круга
18. Даниел Рикардо Торо Росо + 5 круга
Најбрз круг: Серџо Перез - 1:39.199
БЕЗ ПЛАСМАН:
ВОЗАЧ ТИМ ПРИ КРУГ
Пастор Малдонадо Вилијамс 45
Адриан Сутил Форс Индија 27
Пол ди Реста Форс Индија 22
Фернандо Ферари 1
Генерален пласман по 2 трки:
Возачи: Конструктори:
1. Себастијан Ветел 40 1. Ред Бул 66
2. Кими Раиконен 31 2. Лотус 40
3. Марк Вебер 26 3. Ферари 40
4. Луис Хамилтон 25 4. Мерцедес АМГ 37
5. Фелипе Маса 22 5. Форс Индија 10
6. Фернандо Алонсо 18 6. Мекларен 4
7. Нико Розберг 12 7. Заубер 4
8. Роман Грожан 9 8. Торо Росо 1
9. Адриан Сутил 6
10. Пол ди Реста 4
11. Нико Хулкенберг 4
12. Џенсон Батон 2
13. Серџо Перез 2
14. Жан-Ерик Верн 1