Фернандо Алонсо слави јубилеј 200 Ф1 трки
Себастијан Ветел: "Денес беше многу тешко бидејќи патеката беше половина сува и половина влажна, така што беше тешко да се најде вистинскиот компромис меѓу форсирање на брзо време и штедење на гумите. Тоа беше вистинската стратегија да се влезе во бокс и да се променат гумите и брзината беше тука. Имавме добра Q3 сесија, кога беше јасно што мора да се направи, па јас сум задоволен со резултатот. Утре не очекува долга трка и кој и да победи ќе ја има најдобрата стратегија. Успеавме да зачуваме некои гуми денес, кои ќе ни помогнат ако трката е на суво време, но ќе видиме."Фелипе Маса: "Па јас би рекол можеби дождот помогна, не знам дали ќе бевме во можност да бидеме на втора и трета позиција ако патеката беше сува, имавме повеќе брзи болиди како Вебер, Кими, можеби Мерцедес. Но, како и да е, мислам дека тоа беа добари квалификации за нас. Ние ја донесовме вистинската одлука да се променат гумите и успеавме да забележиме добар круг, но мислам дека и дождот помогна малку."
Фернандо Алонсо: "Болидот се однесува навистина добро во сите услови. Ние не се плашиме од она што доаѓа од небото. Оваа сезона јас многу уживам возејќи го Ф138. Секогаш кога се чувствувате удобно, може да се направи добар круг, може да се искористи болидот до максимум. Мислам дека тимот и јас одиме во добра насока. Формата на Фелипе Маса е поттик за целиот тим."