ВО ПРЕСРЕТ НА 2013 МАЛЕЗИСКОТО ГРАН ПРИ
3/20/2013 06:54:00 PM
0
Втората трка од новата Формула 1 сезона, 2013 Малезија ГП-то, ќе се одвива следниов викенд на меѓународната патека - Сепанг, која се наоѓа во предградијата на Куала Лумпур. Ова е домашна трка за Петронас, главниот спонзор на Мерцедес АМГ. Тие ќе прослават своевиден јубилеј 60-та заедничка трка.
Предизвикот на Сепанг ќе биде целосно поинаков од она што го видовме во Мелбурн минатиот викенд. Температурите ќе бидат високи, а патеката има многу правци, предизвикувачки кривини кои бараат конзистентни аеродинамички перформанси. Сите тимови се во процес на учење на новите Пирели гуми, како што видовме минатиот викенд, кога возачи во ист тим имаа различни резултати.
Најтврдата гума од најновата палета на Пирели за 2013 сезоната ќе го има своето деби во Малезија, со сосема нова боја. P Zero портокаловата тврда гума е номинирана за Сепанг заедно со P Zero Белата медиум, кој веќе беше видена во Австралија. Двете гуми се идеални за екстремни температури и абразивни површини како во Малезија.
Проблем за сите ќе бидат многу високите температури и влажност, а делумни врнежи се прогнозирани со 60% шанси за Петок и Недела, додека за Сабота тие се само 20%. Сесиите на Малезиското ГП во минатото биле често прекинувани поради пороен дожд, а во 2009 година, беше сопрена и Трката кога беа доделени само половина поени.
Грипот на патеката постепено ќе се зголемува во текот на викендот. По нејзиното преуредување во 2007 година стазата нема проблеми со нерамнини и ивичниците. Местата на кои е возможно најлесно претекнување се првата и петнаесетата кривина. Кочниците на болидот трпат средно оптеретување. Пролизгувањето и подуправливоста во брзите кривини се главните фактори кои треба да се решат при подесувањето на болидот, бидејќи 6 од 15 се земаат при брзини над 200 км/ч.
Share to other apps