Ф138 претрпи измени од Херез
Фернандо Алонсо верува дека не постои сигурен избор за Победник на првата трка од сезоната. Победникот ќе биде некој возач од во моментов за него најбрзите пет Ф1 тимови и таа петорка ќе биде многу побрза од останатите тимови.
По рекордните 7 различни победници од 5 различни тимови на првите седум трки од минатата сезона, Шпанецот мисли дека оваа сезона ќе има помалку шокови, но неверојатно блиска битка за секоја Победа."Никој не знае кој може да победи на оваа трка во овој момент. Ние мора да одговориме на некои прашања кои никогаш не беа одговорени на пред сезонските тест сесиии. Нема да имаме седум различни победници во седум трки како што видовме минатата сезона и кога се беше измешано. Оваа година со конзистентноста на правилата, очекувам петте врвни тимови да бидат со многу мала разлика, и дека нема да има многу изненадувања во првите пет трки."
"Од првите пет тимови тешко, во моментов е тешко да се избере еден фаворит. Мерцедес АМГ, Мекларен, Ферари, Лотус и Ред Бул ги покажаа своите потенцијални во различни денови од тест сесиите, но и во различни трки од минатата година. Мислам дека е тешко да се избере и посочи победникот на 2013 Австралија ГП-то."