Камуи Кобајаши кој го изгуби своето Ф1 место во Заубер, одлучи оваа 2013 сезона да се приклучи на автомобилските трки во издржливост(тука спаѓаат трки од типот на 24 часа Ле Ман), но не било каде туку се приклучи на Ферари семејството. Првата трка за Јапонецот во неговата нова улога ќе биде "Шест часа Силверстоун".
Камуи Кобајаши: "Задоволен сум од новиот предизвик и што станав дел од едно големо семејство како што е Ферари. Тоа е голема чест за мене. Настапувам за прв пат во овој тип на трки и се надевам дека заедно со моите тимски колеги ќе може да се бориме за титулата."
"Во оваа нова фаза од мојата кариера ќе го дадам најдоброто од себе и знам дека може да сметам на поддршката на сите мои фанови. Сакам да им се заблагодарам на луѓето од Ферари за можност и им ја посветувам оваа сезона на сите луѓе од Јапонија, земја која пред две години преживеа катастрофален земјотрес."
КОБАЈАШИ СИ НАЈДЕ АНГАЖМАН ВО ФЕРАРИ
3/12/2013 03:17:00 PM
0
Share to other apps