Кога повеќето тимови прават напори како најдобро да се балансира развојот на нивните сегашни болиди и големата работа потребна за 2014 болидот, за Алонсо нема сомнеж дека во Ферари треба да се развива Ф138 се до самиот крај на сезоната:
"Важно е да се дојде до средината на сезоната и да се има одредна разлика која ќе биде подобра од минатите сезони. Ќе се откажеме само ако заостануваме 50 или 60 поени зад лидерот. Но,тоа е нешто за што не сакам да размислувам, а ако бидеме 20 или 30 поени пред или зад лидерот, сите сили мора да ги вложиме за да бидеме Шампиони на крајот од сезоната."
"Минатата година, Себ беше 45 поени зад нас и тој го освои шампионатот, па мора да се бориме со она што го имаме. Згора на тоа, вие не може да тестирате ништо на 2013 болидите, што ќе се користи за 2014 сезоната. Не може да се користи петокот за тестирање на турбо моторите, така што ќе треба да се продолжи да се работи на 2013 сезоната."
АЛОНСО НЕ РАЗМИСЛУВА ЗА 2014, САКА ТИТУЛА ВО 2013
3/10/2013 06:02:00 PM
0
Share to other apps

