Себастијан Ветел, Светскиот Шампион во Формула 1 мотоспортот, на првата прес конференција што се одржа за Австралиското Гран При, рече дека како никогаш досега ја започнуваат оваа сезона без да се сигурни во моменталната позицијата на Ред Бул. Германецот ги опиша тест сесиите како неверојатно неубедливи поради близината во која се наоѓаат тимовите и поради навикнувањето на новите гуми.
"Јас сум особено среќен со стартот на новата сезона, бидејќи ние сакаме да дознаеме каде сме во поредокот. Мислам дека ние немаме идеја во оваа фаза, но не верувам дека постои некој кој навистина го знае поредокот, па добро е што конечно ќе дознаеме."
"Ние работевме напорно во нашата база и ние пристигнавме во Мелбурн со она што мислиме дека е најдобро. Утре ќе дознаете дали ние се движиме во вистинската насока. Јасно е каде сакаме да бидеме, но знаеме дека тоа нема да биде лесно,бидејќи разликите се многу мали. Ние имаме нула поени, сите почнуваме од нула, па секој ги има истите можности."
СЕБАСТИЈАН НЕ ЗНАЕ ДАЛИ РЕД БУЛ Е НАЈБРЗ?!?
3/14/2013 01:25:00 PM
0
Share to other apps