Од времето кога Алонсо дојде во Ферари!!!
Италијанскиот тим користи јасен систем на прв и втор возач, тоа не е никаква тајна. Фернандо Алонсо е лидер. Но, претседателот на Ферари, Лука ди Монтеѕемоло, знае дека им треба и силен Фелипе Маса во тимот и тој верува дека Бразилецот годинава ќе покаже зошто го задржаа во овој тим.
"Тој полека се враќа во препознатливата форма, а кога е така тој е голема вредност за нашиот тим. Минатата година кога беше под притисок и несигурност за неговото место, неговите резултати беа се послаби и послаби. Од моментот кога неговото место за 2013 година беше сигурно, тој повторно ја доби потребната самодоверба и формата одеше во нагорна линија. Пред почетокот на оваа сезона тој и Алонсо се чувствуваат добро. Тоа за мене е голема утеха."
"Наша основна цел е оваа година да можеме да држиме чекор со првите три тимови и нашиот болид да се подобрува за секое Гран При. Минатата година ја започнавме премногу слабо. Треба да се подобриме оваа година."