ЛОТУС: ИЗНЕНАДЕНИ ОД ЗБОРЛЕСТИОТ КИМИ
3/17/2013 06:46:00 PM
0
Кими Раиконен за тимот на Лотус ја започна сезоната со победа на првата трка за Големата награда на Австралија. Кими направи два пит-стопа, додека поголемиот дел од неговите ривали беа со три застанувања, за да ја забележи неговата 20-та Победа, изедначувајќи се со неговиот сонародникот Мика Хакинен. Кими сега води во пласманот на возачи со 25 поени, додека Лотус е на втората позиција во конкуренција на конструктори со 26, зад водечкиот тим на Ферари со 30 поени.
Кими Раиконен:
"Јас сум среќен за тимот и за мене. Ние имавме брз болид во текот на целиот викенд, без проблеми проблеми, па ние можевме да се фокусираме само на испробување на различни подесувања на болидот."
"Имав добро чувство дека се ќе биде во ред со гумите по слободните тренинзи и со тимот направивме совршена стратегија. Јас добив неколку места на стартот, а потоа имав добра битка со Луис, но после тоа се беше навистина премногу едноставно и ова беше веројатно една од моите најлесни победи досега. Не можевме да имаме подобар почеток на сезоната, но сезоната е долга и ние треба да се трудиме напорно се до завршувањето на сезоната."
Tweet by lotus_F1team:
"The biggest shock is how much #Kimi’s talking over the radio after winning #WeBeatYou #AusGP"
Share to other apps