Навистина знае што прави!!!
Кими Раиконен со болидот на Лотус е Победник на Австралиското Гран При со користење на стратегијата од два пит-стоп застанувања, а таа одлука му даде одлучувачка предност во однос на сите негови ривали, бидејќи сите водечки тимови ја одбраа за нив денес погрешната стратегија од три застанувања за промена на гуми.Сите предвидувања за здодевната Ред Бул доминација не се покажаа точни на првата трка и тие останаа во сенка на Лотус и Ферари. За Кими клуч на неговата победа беше вториот стинт кога тој успеа да остане во близина на Себастијан Ветел и двата болиди на Ферари, кои од стартот ја поведоа трката.
Четирите водечки болиди многу рано влегоа во бокс за да ги заменат уништените супер-меки гуми, но тука настана проблемот за Ветел и Ферарите, бидејќи тие мораа да се пробиваат низ болидите кои стартуваа на медиум гумите, а заглавија за Адријан Сутил, кој го направи својот прв пит-стоп во исто време кога Ветел, Маса и Алонсо направија својот втор, а Раиконен остана на патеката чувајќи ги гумите за својата планирана стратегија од две застанувања, која за него беше полн погодок.
Фернандо Алонсо потоа влезе прв во боксовите, пред Сутил и Ветел што беше доволно да ги помине и двајцата за на крај да го овои второто место. За разлика од него Фелипе Маса по добрата прва половина од трката, почна да го губи чекорот со водечките, но заврши на одличното четврто место.
Дека за добра трка треба да имаш среќа, покажа Луис Хамилтон, кој иако ја имаше истата стратегија со Кими Раиконен, но не и чиста патека пред себе, третата стартна позиција не ја претвори во пласман на Подиумот, туку го освои само 5-тото место. Тој заврши пред Марк Вебер, кој никако да има добар старт, па така и на оваа трка. Изгуби многу позиции и успеа да стигне само до 6-то место.
Адриан Сутил и Пол ди Реста, кои стартуваа на медиум гуми, и успеаа двата болиди на Форс Индија ги донесат во поени. Џенсон Батон прогнозираше дека ќе биде успех за нив ако освојат неколку поени, па така и се случи, тој освои само два со пласман на 9-то место. Последен што освои бодови на оваа трка беше Роман Грожан со вториот болид на Лотус.
Голема награда на Австралија, Алберт Парк, Мелбурн.
58 круга, 307.574км., Време: облачно.
ПЛАСМАН:
П. Возач Тим Време
1. Кими Раиконен Лотус 1ч30:03.225
2. Фернандо Алонсо Ферари + 12.451
3. Себастијан Ветел Ред Бул + 22.346
4. Фелипе Маса Ферари + 33.577
5. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ + 45.561
6. Марк Вебер Ред Бул + 46.800
7. Адријан Сутил Форс Индија + 1:05.068
8. Пол ди Реста Форс Индија + 1:08.449
9. Џенсон Батон Мекларен + 1:21.630
10. Роман Грожан Лотус + 1:22.759
11. Серџо Перез Мекларен + 1:23.367
12. Жан-Ерик Верн Торо Росо + 1:23.857
13. Естебан Гутиерез Заубер + 1 круг
14. Валтери Ботас Вилијамс + 1 круг
15. Жил Бјанки Марусија + 1 круг
16. Чарлс Пик Катерам + 2 круга
17. Макс Чилтон Марусија + 2 круга
18. Гидо ван дер Гард Катерам + 2 круга
Најбрз круг: Кими Раиконен - 1:29.274
БЕЗ ПЛАСМАН:
Возач Тим При круг
Даниел Рикардо Торо Росо 40
Нико Розберг Мерцедес 26
Пастор Малдонадо Вилијамс 25
Нико Хулкенберг Заубер 1
Генерален Пласман по 1-та трка:
Возачи: Конструктори:
1. Кими Раиконен 25 1. Ферари 30
2. Фернандо Алонсо 18 2. Лотус 26
3. Себастијан Ветел 15 3. Ред Бул 23
4. Фелипе Маса 12 4. Мерцедес АМГ 10
5. Луис Хамилтон 10 5. Форс Индија 10
6. Марк Вебер 8 6. Мекларен 2
7. Адриан Сутил 6
8. Пол Ди Реста 4
9. Џенсон Батон 2
10. Роман Грожан 1