Одлична работа на механичарите на Ферари
По серијата на слаби почетоци на минатите сезони во Ферари се задоволни од стартот на оваа сезона, кога на Австралиското Гран При, Фернандо Алонсо заврши на второ, а Фелипе Маса ма четвртото место. Тоа за нив е позитивен почеток, а оваа сезона изгледа ќе понуди најтесна битка од кога било.Ова беше многу интензивен викенд за секого, вклучувајќи ги и инженерите, механичарите и возачите, со хаосот предизвикан од дождот, и долгото време поминато во чекање во гаражите, пред стјуардите да ја донесат вистинската одлука, да ги одложат квалификациите за пред трката. Беа потребни "ладни" глави, за, прво во саботата да се справат со лоштото време и многу тешките услови на патеката во првиот дел од квалификациите, а потоа во неделата тимот се соочи со задачата на донесување правилниот избор на гуми за Q2 и Q3 сесиите, кога условите на патеката постојано се менуваа.
Потоа во трката дојде потребата добро да се управува со сообраќајот, деградацијата на гумите, стратегијата и многуте влегувања во бокс. Конечниот исход за Италијанскиот тим, по хаотичниот викенд, во кој беше лесно да се прават грешки, дефинитивно е оценет како позитивен. Темпото на Ф138 во трката е охрабрувачко и болидот потврди дека е конкурентен. Двајцата возачи дадоа придонес за тимот да биде на чело на пласманот во конструктори.
Уште еднаш оваа година се чини дека стратегијата и гумите ќе бидат одлучувачки фактори. Кога станува збор за пит-стоповите, механичарите на Ферари продолжуваат со одличните перформанси од 2012 година. Нивното просечно време на менување гуми на оваа трка било под 2.5 секунди.
Фернандо Алонсо: "На оваа трка видовме болид кој стартуваше од седмата позиција и заврши на првото место, а болидот кој започна од петтата позиција, заврши на второто место. Тоа значи дека управувањето и чувањето на гумите е од суштинско значење оваа година. Но, ако сте во можност да го контролирате тоа и да бидете во можност да се стартува од Пол позицијата, тоа ќе биде совршено сценарио."
Следниот трка е Малезија ГП, што се одржува во предградието на Куала Лумпур.