Прв пласман на подиум со Мерцедес АМГ
Луис Хамилтон верува дека неговиот тим Мерцедес АМГ со перформансите покажани на првите две трки, докажува дека тие сега се најсериозниот ривал на тимот на Ред Бул."Ние сме вториот најдобар тим во моментов. Јас се натпреварував со болидите на Ред Бул во некои фази во трката. Да се биде во таа позиција е прекрасно чувство, но за жал, немавме доволно гориво во болидот, па беше невозможна задача да ги предизвикам оние пред себе. Сигурен сум дека ако сите бевме со исто количество на гориво тоа ќе беше поинаква ситуација, јас сум сигурен за тоа. Мислам дека Малезија ГП-то докажува дека ако ние продолжиме да се развиваме во правецот во кој се движиме, тогаш постои можност дека можеме да победуваме на трките во некоја фаза од оваа сезона."