СЕБАСТИЈАН ВЕТЕЛ ДИРЕКТОР ВО ИНФИНИТИ
3/28/2013 12:38:00 PM
0
На денот на отворањето на Меѓународниот Авто Саем во Њујорк, Инфинити, стратешкиот партнер на Ред Бул објави дека Себастијан Ветел, трократниот Формула 1 Шампион, добива улога како директор за перформанси на овој премиум автомобилски бренд.
Оваа најнова објава ги проширува и подобрува односите на Ветел со Инфинити кои официјално започнаа во 2011 година. Со овој ангажман, Ветел веќе одигра клучна улога во развојот на автомобилите од Инфинити линијата, почнувајќи од ексклузивниот Infiniti FX Vettel Edition и неодамнешниот нов модел Infiniti Q50.
Share to other apps