Жил Бјанки со Николас Тод
Почетокот на сезоната го одбележува и возачот на Марусија, Жил Бјанки, кој во последен момент влета на местото на Луис Рациа, само неколку дена по поразот од Адријан Сутил за второто возачко место во тимот на Форс Индија.
Но, и покрај тоа што имаше малку тест километража во MR02, Бјанки веднаш ги покажа своите потенцијали и е најбрз од болидите кои се на негово рамниште. Французинот го стави во сенка својот тимски колега, Макс Чилтон, победувајќи го со разлика од 0.8 секунди во Австралија и 1.2 секунди на квалификациите во Малезија, а во двете трки создаде предност поголема од една минута.Греам Лоудон, Спортскиот директор на Марусија, вели: "Нашиот инженерски тим му помага да се адаптира, правејќи тој да биде на вистинското место на патеката. Мислам дека тој им остави импресивен впечаток на многу луѓе. Не прави многу грешки."