Хамилтон со бројот 10 на својот болид!!!
Луис Хамилтон изјави дека една од причините за доаѓањето во Мерцедес АМГ е и тоа што не му се допаѓала атмосферата во Мекларен. Едноставно, сакале премногу да го контролираат и се било подредено на тимот, а тој сака слобода.Луис Хамилтон:
"Сонувам да го постигнам успехот на големите тркачи од Ф1 историјата. Јас не знам што е клуч за успехот, но кога мислам на овие луѓе, јас веднаш мислам на Аиртон Сена. Тој беше голем возач. Приказните кои ќе ги слушнете за него, харизмата што тој ја поседувал, тој бил инспирација на цела една нација на луѓе, тоа е вистинска големина, за која сонува секој возач. Но, сега живееме во друго време, а јас не сум Аиртон Сена, но и не сум како другите возачи."
"Во Мерцедес сум за да победувам, но мораме да бидеме реални. Јас не обрнувам внимание на она што другите возачи и тимови го прават. Јас ќе се возам на ист начин како и досега, ако не и подобро. Јас не се стремам кон тоа, да бидам како другите..."
"Чувствувам дека сега имаам повеќе можности да се изразам себеси и да бидам оној што сум. Среќен сум што сум, тоа што сум. Треба да прифатите она што сте и да бидете горди на тоа. Тоа е она што јас се обидувам да го направам сега. Јас заминав од тим, кој имаше премногу контрола. Јас работев во средина каде што навистина имаа целосна контрола: Ми беше кажано дека морам да правам се што ќе ми се каже. Се надевам дека во следните неколку години, Мерцедес АМГ ќе го изградиме во голем тим, а луѓето ќе бидат во можност да ме видат во поинаква светлина."