All about money, money, money!!!
Според Берни Еклстоун оваа сезона треба да очекуваме Ред Бул и Ферари да се натпреваруваат за титулите во двете конкуренции.
Во изјавата дадена за официјалниот Ф1 вебсајт, пред отворањето на сезоната со Австралиското Гран При, исто така тој смета дека Мерцедес АМГ е тимот кој може да изненади од сенка за оваа година."Јас неодамна зборував со Стефано, кој беше дојден во Лондон да ме посети и тој рече дека се уште очекува Ред Бул да биде опасност за нив (повторно Доменикали не верува во својот тим). И јас се согласувам, Ред Бул се супер конкурентни. Од гледна точка пак на Ред Бул, нивниот најголем конкурент ќе биде Ферари. Од Мерцедес АМГ покажаа дека тие се многу поконкурентни отколку во претходните сезони. Јас би бил многу изненаден ако тие не победат на никоја трка врз основа на заслугите, а не од други причини!"
"Со заминувањето на Хамилтон од Мекларен ќе биде добро за Џенсон. Тој сега ќе се чувствува дека тој е одговорен за успех на тимот, сега тој е "број еден" и ние многу веројатно ќе видиме го видиме во друго светло. Тоа може да биде добро за него."
Неостварен сон на Берни е да ја види Даница Патрик во Формула 1 шампионатот: "Даница, да би било добро да ја имаме во еден од Ф1 тимовите. Јас сум во потрага за една жена во овој мотоспорт со години! Јас секогаш мислев дека тоа е добра идеја."
За жал на нас Европјаните, Еклстоун исто така го повтори своето уверување дека спортот ќе продолжи со свое ширење надвор од Европа: "Факт е дека Формула 1 е светски, а не европски шампионат, па можеби ние ќе изгубиме уште неколку европски трки. Постојат многу земји кои чукаат на вратата и треба да се пронајдат вистинските места за Формула 1."