ВОЗАЧИ
• Себастијан Ветел има четири настапи во Бахреин, има две Пол позиции (2010, 2012) и една Победа(2012). Минатата 2012 година забележа хет-трик забележубајќи го и најбрзиот круг. Откако е во тимот на Ред Бул, тој секогаш се квалификувал на првите три позиции и трката ја завршувал меѓу првите четири места на оваа патека.
• Марк Вебер никогаш не бил на подиумот во Бахреин, а негов најдобар резултат е четвртото место од минатата година. Тој никогаш не стартувал од првиот ред, а негова најдобра стартна позиција е третата исто така од минатата година.
• Фернандо Алонсо е најдобриот возач на Бахреин ГП-то, единствениот кој има 3 победи и тоа во 2005, 2006, 2010 година, но исто така тоа се неговите единствени пласмани на подиумот. Минатата година тој беше само седми. Во квалификациите само еднаш не се пласирал во најбрзите 10 и тоа во 2004 година кога ја имаше16-тата стартна позиција.
• Фелипе Маса е единствениот друг возач кој победил повеќе од еднаш во Бахреин, во 2007 и 2008 година. Тој, исто така, има четири старта од првиот ред, три пати од втората и еднаш од најдобрата стартна позиција(2007). Минатата година тој го имаше најлошиот настап во квалификациите со 14-тата позиција, а трката ја заврши на дветтото место.
• Џенсон Батон е победник во 2009 година, и беше трет во 2004 година.Тоа се неговите единствени пласмани на подиумот тука. Во изминатите две трки тој не беше во можност да се бори за подиумот, тој беше седми во 2010 година, а минатата година не ја заврши трката по проблемите со диференцијалот. Џенсон има 4 откажувања од 8 стартувани трки во Бахреин.
• Серџо Перез минатата година на своето деби во Бахреин, со тимот на Заубер се квалификуваше на осмата стартна позиција, а трката ја заврши на 11-тото место.
• Кими Раиконен има рекорд од најмногу пласмани на подиумот во Бахреин, пет, но никогаш нема победено. Тој во квалификациите има негативен скор од 0-7, т.е. никогаш не бил подобар од својот тимски колега. Минатата година трката ја заврши на второто место.
• Роман Грожан минатата година го забележа својот Прв пламан на подиумот со освоеното трето место.
• Нико Розберг има карактеристично постигнување со тоа што ги заврши сите свои шест трки во Бахреин во топ 10. Неговиот најдобар резултат е петтото место, забележано на последните две трки. Во 2006 година на Шакир тој го забележува неговиот Прв најбрз круг на своето Прво Гран При, станувајќи најмладиот возач со тоа остварување, рекорд кој сè уште важи.
• Луис Хамилтон има два пласмани на подиумот, второ во 2007 и трето место во 2010, но нема победа. Секогаш се квалификувал во најбрзите пет возачи, но никогаш не ја освоил Пол позицијата, беше на втората позиција во 2007 и минатата година. Ќе биде интересна борбата во квалификациите меѓу него и тимскиот колега Розберг, бидејќи и двајцата имаат добри скорови со своите тимски колеги, Розберг 5-1 и Луис 5-0.
• Пол ди Реста е единствениот друг возач надвор од гореспоменатите што освоил поени во Бахреин, со шестото место од минатата година.
• Нико Хулкенберг има два настапи во Бахреин, во 2010 за Вилијамс, и минатата година со Форс Индија. На квалификациите и за двете трки беше 13-ти, а трката со Вилијамс ја заврши на 14-тото место, а со Форс Индија беше 12-ти.
• Адриан Сутил има четири настапи на оваа патека, во период од 2007-10 година. Најдобриот настап го имаше на последната трка во 2010 година, кога ја освои 10-тата стартна позиција, а трката ја заврши на 12-то место.
• Пастор Малдонадо мината година во својот деби настап на патеката Шакир не ја заврши трката поради дупната гума во момент кога беше 20-тото место.
• Валтери Ботас минатата година со болидот на Вилијамс го имаше своето деби појавување на петочните тренинзи.
• Жан-Ерик Верн минатата година беше дебитант на оваа патека, на квалификациите беше 17-ти најбрз возач, а трката ја заврши на 14-тото место.
• Даниел Рикардо минатата година ја имаше својата прва трка во Бахреин. Се квалификуваше на одличната 6-та стартна позиција, но трката ја заврши на 15-то место.
• Чарлс Пик во своето деби во Бахреин со тимот на Марусија не беше во можност да ја заврши трката поради проблеми со моторот. Оваа година со тимот на Катерам, се надева на поголем успех.
• Естебан Гутиерез, Гидо ван дер Гард, Жил Бјанки и Макс Чилтон се дебитанти на оваа трка.
ТИМОВИ
• Ред Бул ја забележа својата прва победа во 2012 сезоната во Бахреин ГП, а тоа е и нивниот единствен успех на оваа патека. Ред Бул на изминатите две трки за освојува Пол позицијата.
• Ферари е најуспешниот тим во Бахреин со четири победи, последната во 2010 година со Алонсо. Минатата година имаа тежок викенд, со Алонсо само седми и Маса деветти. Последната Пол позиција ја забележаа во 2007 година, благодарение на Маса.
• Мекларен има победено на 16 од 19 патеки од 2013 календарот. Не победиле само во Бахреин, Индија и Кореја.Најдобар резултат на тимот е второто место во 2007 година.
• Мерцедес АМГ својот најдобар резултат го имаат во 5-тото место, и 5-тата стартна позиција, забележани на последните две трки.
• Лотус, минатата година, успеа со двата болиди да биде на подиумот, Раиконен втор и Грожан трет. Овој тим има две победи како Рено во 2005 и 2006 со Фернандо Алонсо.
• Вилијамс, Заубер, Торо Росо, Форс Индија, Катерам и Марусија немаат некој позначителен усшех на оваа патека.
Извор: Forix, најголемата база на Ф1 податоци и Аутоспорт.
2013 БАХРЕИН ГП: СТАТИСТИЧКИ СЕМАФОР
4/20/2013 01:16:00 AM
0
Share to other apps