Мерцедесите според формата не изгледаа дека се најбрзите болиди, но Розберг не го делеше тоа мислење, па со одличен брз круг беше најбрз. Себастијан Ветел беше најблиску со болидот на Ред Бул, и само 0.083 побрз од Ферарито на Фернандо Алонсо, на третата стартна позиција.
Марк Вебер беше петти најбрз, но како и Хамилтон има казна од 3 стартни места поназад, па ќе стартува од седмата позиција. Како резултат на овие казни, Фелипе Маса кој се избори за шестата позиција ќе стартува од четвртата и беше единствениот возач кој го постави своето најдобро време на тврдите гуми.
Следуваат болидите на Форс Индија, Пол ди Реста и Адријан Сутил на седмата и осмата позиција, пред разочарувачките квалификации за Кими Раиконен, кој не можеше да постигне подобро време и мора да се задоволи само со 9-тата стартна позиција. Џенсон Батон ја искористи лошата тактичка одлука на Лотус со Роман Грожан во Q2 сесијата, за влез во најбрзите десет болиди. Не можеше ништо подобро од 10-тата стартна позиција за Мекларен.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:32.330 14
2. Себастијан Ветел Ред Бул 1:32.584 + 0.254 12
3. Фернандо Алонсо Ферари 1:32.667 + 0.337 11
4. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:32.762 + 0.432 13
5. Марк Вебер Ред Бул 1:33.078 + 0.748 13
6. Фелипе Маса Ферари 1:33.207 + 0.877 13
7. Пол ди Реста Форс Индија 1:33.235 + 0.905 14
8. Адријан Сутил Форс Индија 1:33.246 + 0.916 16
9. Кими Раиконен Лотус 1:33.327 + 0.997 13
10. Џенсон Батон Мекларен без поставено време 11
Q2 Најбрзо време: Себастијан Ветел 1:32.746
11. Роман Грожан Лотус 1:33.762 + 1.016 7
12. Серџо Перез Мекларен 1:33.914 + 1.168 9
13. Даниел Рикардо Торо Росо 1:33.974 + 1.228 14
14. Нико Хулкенберг Заубер 1:33.976 + 1.230 14
15. Валтери Ботас Вилијамс 1:34.105 + 1.359 13
16. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:34.284 + 1.538 13
Q1 Најбрзо време: Фернандо Алонсо 1:32.878
17. Пастор Малдонадо Вилијамс 1:34.425 + 1.547 6
18. Естебан Гутиерес Заубер 1:34.730 + 1.852 9
19. Чарлс Пик Катерам 1:35.283 + 2.405 6
20. Жил Бјанки Марусија 1:36.178 + 3.300 6
21. Гидо ван дер Гард Катерам 1:36.304 + 3.426 7
22. Макс Чилтон Марусија 1:36.476 + 3.598 6