Рено ги подготвува турбо моторите за 2014
Новите болиди за 2014 сезоната за прв пат ќе ги видиме во јануари следната година, како што објавува британскиот Аутоспорт. Тимовите биле при крај со финализирањето на промените во пред сезонските тест сесии. Со префрлувањето на 1.6-литарските V6 турбо мотори од следната сезона тимовите имаат потреба за побрз старт на тестирањата, во обид да се осигураат дека ќе бидат што е подобро подготвени за првата трка.Во моментот се разгледува планот за првата тест да биде на патеката Херез, во Шпанија, најверојатно почнувајќи на 20 или 27 Јануари, за потоа да се продолжи на блискиот исток(Катар). Но, членот 22.4 на Спортските Прописите на Ф1 во моментов забранува тестирање во Јануари, па ФИА треба да го преработи тоа правило, за тоа да биде одобрено од страна на тимовите, а потоа и ратификува на следниот состанок на Работната Ф1 Група кој ќе се одржи во пресрет на Шпанското ГП.
По тестот во Јануари, тимови се надеваат на еден или два теста на Блискиот Исток, т.е. тестови на топло време кои не само што ќе помогнат во разбирањето на гумите, по тешкотиите со кои се соочуваа оваа зима поради ладната патека во Барселона, туку ќе бидат непроценливи во избегнувањето на потенцијално проблематичен старт на новите правила околу моторите.