Џенсон Батон, 2009 Ф1 шампионот, за момент мораше да го замени својот болид и да седне зад воланот на "обичните" автомобили. Британецот тоа го направи на специјалниот настан посветен на безбедно возење, што се одржа во Унгарија, спонзориран од страна на Водафон, главниот спонзор на Мекларен. Покрај Мерцедесите, тој ја испроба и Лада 1500, која судејќи по неговите твитови, му остави добар впечаток.








