Некогаш познат како Париз на Истокот, Шангај претставува моќна мешавина од старo и новo и несмалено чувство за авантура. Архитектурата е во контраст, од една страна се древни кинески храмови, а од другата осветлената 468 метри висока Ориентална Бисерна кула и други модерни чуда.
Меѓународната патека Шангај е како динамичен пејзаж, со својата огромна главна трибина и елиптичен Падок клуб, кој е преплетен со многу мостови, и со сигурност може да се каже дека е една од најубавите патеки во Ф1 Шампионатот. Во меѓувреме, изгледот на апартманите на тимовите во падокот е незгоден да се разбере како древна кинеска поговорка. Тие се поставени за да личат на "Шанг" кинеска буква, што значи "високо".
Првиот комплекс кривини на оваа патека е еден од најтешките во Ф1 Шампионатот и потребен е прецизен пристап и излез од нив. Започнува со вртење од 270 степени кон десно кое бара агресивен влез, кочење при целата кривина, за да на крај следи ненадејна промена на насоката. По оваа кривина следува серија на брзи кривини повторно правец и уште еден сет на кривини слични на тие од број 1 до 3, но во обратна насока. Следува уште еден долг правец кој завршува со кривина од 180 степени, принудувајќи ги возачите да кочат од 315 до 65км/ч. Тоа воедно е едно од најдобрите места за претекнување.
Минатата година, исто како и оваа, за Кинеското Гран При, Пирели ги носи медиум и меките гуми. На победникот во трката, Розберг, му требаа два пит-стопа, започнувајќи со меките гуми и потоа следуваа два стинта на медиум медиум. Освојувачите на второто и третото место, Батон и Хамилтон, имаа три пит-стопа: меки-меки-медиум-медиум. Вебер заврши 4-ти, исто така, со три застанувања, но само еден стинт на меки, па три на медиум, додека петтопласираниот Ветел имаше иста стратегија со Розберг. Од ова се гледа дека покрај изборот на добра стратегија голема улога играат добриот сет-ап и перформансите на болидот. Многу тимови типуваат на Победа, а кој е во право ќе дознаеме во Недела во 09:00 часот.
ВО ПРЕСРЕТ НА КИНЕСКОТО ГРАН ПРИ
4/12/2013 12:24:00 AM
0
Tags
Share to other apps