Формула 1 сезоната продолжува оваа недела со третата трка, 2013 Кина ГП, на патеката Шангај, која се наоѓа 40 километри надвор од градот. Кинеското ГП го имаше своето деби во 2004 сезона. Нико Розберг, специјалистот за Шангај, како што го нарекуваат во тимот на Мерцедес АМГ, водел на 78 од вкупно 168 круга (46%) во последните три години во Кина. Нико и Луис се победници на последните две трки во Шангај, во 2012 и 2011 година. Мерцедес-Бенц е најуспешниот производител на мотори во Кина, со четири победи во последните пет трки.
Нико Розберг патува во Кина со "многу добри спомени" од првата негова Победа во Формула 1 во Шангај минатата година, и откако имаше водство во трката во последните три години. Тој вели дека секогаш многу ужива во Шангај и има позитивни чувства со болидот што го имаат во моментот.
Луис е радосен што повторно почнува да се трка, бидејќи чуствува како да поминало долго време од трката во Малезија. Неговите први две трки со новиот тим за него се големо искуство и секој во тимот се однесува да се почувствува како добредојден.
Имаше подобар почеток отколку што очекувал и завршувајќи на петтото и третото место било навистина позитивна работа. Според него тимот има потенцијал за многу повеќе, па тие продолжуваа со напорна работа и развојот на болидот."
МЕРЦЕДЕС АМГ ОЧЕКУВА МНОГУ ОД КИНЕСКОТО ГРАН ПРИ
4/11/2013 12:59:00 PM
0
Share to other apps