На почетокот од овој викенд Ферари се сметаше за еден од главните претенденти за победата во Бахреин, но на крај освоија само четири поени. Фернандо Алонсо изгуби многу време и позиции поради проблемите со ДРС-от, а Фелипе Маса имаше тешка задача, поради зголеменото трошење на гумите, па дури два пати заврши со дупната гума.
Стефано Доменикали, тимскиот шеф , за Скај Спорт изјави: "Се уште не ја знаеме причината за проблемите со ДРС-от на Фернандо. Многу сум разочаран и жалам што тоа се случи, бидејќи пропуштивме шанса да имаме уште една совршена трка. Болидот имаше добро темпо и едноставно денес среќата не беше на наша страна.
Фелипе имаше два контакти на почетокот од трката, тогаш тој имаше два проблеми со гумите, која допрва треба да се разберат. Ова не беше наш најдобар ден, но ние треба да одиме напред."
СТЕФАНО ДОМЕНИКАЛИ: ДЕНЕС НЕ БЕШЕ НАШ ДЕН
4/21/2013 06:34:00 PM
0
Share to other apps