Добро е што се вратив на подиумот!!!
Роман Грожан, по пласманот на подиумот на Бахреин ГП-то, вели дека неговиот Лотус почнува да се однесува на начин како што тој посакува."Тоа беше добра трка и јас воглавно уживав со многуте престигнувања што се случија во текот на целата трка. Не беше лесна трка, бидејќи стратегијата беше да имам што подолг прв стинт, но собрав некои остатоци на предниот дел на ладилникот и моравме да направиме пит-стоп порано од планираното, бидејќи температурата на моторот се зголемуваше. Тоа значеше напуштање на првичната стратегија, но, мојот инженер ме известуваше низ целата трка велејќи дека темпото е добро. Почувствував дека болидот почна да се однесува како што сакав и бевме во можност да се вратиме во игра. Можеме да кажеме дека нашиот болид е многу побрз во тек на трката. Сигурен сум дека можеме да постигнеме добри нешта."