Луис Хамилтон го забележа својот втор по ред подиумот за Мерцедес АМГ со третото место на Кинеското ГП во Шангај.
"Денес имав добра трка и би сакал да победев, но сум навистина среќен и со третото место и пласман на подиумот, веќе втора трка по ред. Фернандо и Кими беа малку пребрзи за нас во текот на трката, а и моите гуми беа уништени, па на крајот се обидував да го задржам подиумот пред Себастијан. Можев да го видам неговиот болид како брзо се доближува до мене, па беше добро штом го задржав третото место. Момците направија одлична работа овој викенд за овој резултат, Пол позиција и финиш на третото место. Го извадивме моменталниот максимум од болидот и тоа е многу задоволувачки. Ние заостануваме се уште во поглед на целокупното темпо, но сите работат многу напорно и знам дека можеме да успееме да победуваме.
ХАМИЛТОН: ПОСАКУВАВ ПОБЕДА, НО СРЕЌЕН СУМ И СО ТРЕТОТО МЕСТО
4/14/2013 08:34:00 PM
0
Share to other apps