Фернандо Алонсо со првата победа за Ферари оваа сезона, во трка која беше исполнета со акција, главно поради различните стратегии користени од тимовите за менаџирање со гумите. Со освоените денешни поени Италијанскиот тим се искачи на второто место во шампионатот на конструктори, со 5 поени предност пред тимот на Лотус.
"Не можеше да имаме подобар ден од овој! Јас немав победено уште од Германија и ова е посебно чувство, бидејќи тоа беше добра трка исполнета со акција. Овој резултат, заедно со второто место во Австралија, покажува дека болидот е конкурентен и дека ние работиме во вистинската насока за да бидеме секогаш во борбата за подиумот. Затоа, морам да се заблагодарам на тимот за огромните напори што ги направија тука и во нашата база. Тие работеа многу напорно да ме стават во оваа позиција од која може да се борам со другите под еднакви услови. Сите имавме добро чувство во текот на викендот и третата стартна позиција ни даде можност да се бориме за првите места. Згора на тоа, и среќата беше на наша страна. Сите важни фактори работеа совршено, како што се подесувањето, стратегијата, добрата работа на механичарите при пит-стоповите. Сите заедно ја произведовме оваа победа која не беше баш така лесна како што делуваше на екраните. Најдобро го искористивме нашето темпо и направивме добра работа со менаџирањето на гумите, кои дефинитивно беа најопасниот аспект. Никој не доминира во шампионатот, што го прави исклучително интересен, иако ние сме свесни дека ова е само третата трка од сезоната. Нема да летаме во облаци по оваа победа и мораме да продолжиме да се концентрираме и да работиме за да се подобриме уште повеќе."
2013 КИНА ГП: ФЕРНАНДО АЛОНСО СРЕЌЕН, СЕ РАБОТЕШЕ СОВРШЕНО
4/14/2013 09:08:00 PM
0
Share to other apps