Во тимот на Мекларен веруваат дека се идентификувани главните области во кои треба да се подобрат пред стартот на Кинеското Гран При.
Како последица на тоа нивниот болид ќе има нови надградби, со кои веруваат дека ќе се вратат меѓу најбрзите болиди во Ф1 Шампионатот.
Џонатан Нил, извршниот директор на Мекларен, за британскиот Аутоспорт изјави:
"Верувам дека знаеме каде се проблемите. Успеавме да ги подобриме болидите меѓу Австралија и Малезија. Реагираме во "од", носиме голем број на надградби во Кина. Некои од нив се рутина, некои се одговор на моментот. Со цел да бидеме апсолутно сигурни дали овие новини ќе работат и во пракса, во петок ќе имаме многу клучен ден."
"Јас, секако верувам дека сме на вистинскиот пат, ние имаме идеја каде се проблемите. По Кинеското ГП, би требало да имаме повеќе одговори. Ние веруваме дека имаме во основа многу добар пакет. Пред нас е долга сезона и не постои причина зошто не можеме да се бориме за титулата."
"Не постои едно нешто, немаме магично стапче, постојат голем број на работи што треба да ги направиме за да се вратат перформансите на болидот. Очигледно, немавме идеален старт на сезоната, не можеме да бегаме од тоа, но јас верувам во овој тим и овој болид."
ЏОНАТАН НИЛ: ЗА МЕКЛАРЕН ПЕТОК Е КЛУЧЕН ДЕН
4/09/2013 05:59:00 PM
0
Share to other apps