Минатата година, со стратегија од три пит-стопа во помалку конкурентниот F2012, Фернандо Алонсо заврши деветти, додека со две застанувања во бокс, Фелипе Маса беше тринаесетти. Дванаесет месеци подоцна, Бразилецот е убеден дека ќе има подобар викенд:
"Знам дека имаме само две трки зад нас, но оваа сезона имам добро чувство. Работата што ја завршивме со Ф138 во текот на зимата, не води во вистинската насока и болидот има многу повеќе потенцијал. Се разбира, јас секогаш сакам да се борам за победа, иако тоа не беше возможно во првите две трки, но знаците се добри, имаме одлично темпо во трка"
Во паузата од Малезија, Маса, заедно со Алонсо, помина некое време во фабриката во Маранело и тоа го направи самоуверен за следниот викенд во Кина:
"Ние сме добро подготвени за Кина и ќе ги имаме сите надградби кои се надевавме да ги донесеме со нас во Шангај. Се надевам дека тие ќе допринесат за понатамошно подобрување на перформансите. Шангај е многу убава патека со различен тип на кривини, во комбинација со брзи правци, така да, дефинитивно, треба да имаме болид кој работи добро во брзите сектори, но исто така ќе треба да имаме многу downforce за да се справиме со опасните кривини. Можеме да очекуваме прилично висока деградација на гумите, особено на предните тркала. Целта е да се бориме за многу повеќе поени, за подиумот, за победа, треба да си поставиме високи цели."