Состанокот на Формула 1 тимовите кои се одржува за време на овој викенд донесе половични резултати. Тимовите го изгласаа новиот казнен систем, што треба да стапи на сила следната година, но не успеаа да се договорат за пред сезонските тест сесии
Според новиот систем, ќе бидат доделувани казнени поени како замена на досегашните казни. На секој возач ќе му бидат дозволени 12 казнени поени во рок од 12 месеци, а кога би се надминала таа квота, возачот ќе паузира една трка. Казнените поени важат за една тековна сезона. Единствени против овој предло беа тимовите на Ред Бул, Лотус, Вилијамс и Торо Росо.
Новиот казнен систем треба да помине и на Светскиот совет на ФИА, а потоа се додава на спортски регулативи за 2014 година.
Стјуардите ќе можат слободно да го изберат бројот на поени за повреда на правилата, но ќе им се даде советодавно ниво за бројни прекршувања, како на пример три поени за предизвикување опасен судир и една поен за недржење правилна оддалеченост од возилото за безбедност.
За време на состанокот во Барселона, тимовите разговараа и за пред сезонските тест сесии, но не успеале да постигнат договор на таа тема. Меѓу нив постои широка поддршка за екстра тест во Јануари, кој најверојатно ќе се одржи, но проблемите настанале за распоредот на остатокот од тест сесиите. Пет тима сакаа 12 тест дена во Јануари и Февруари, пет други тимови посакуваат 15 тест дена, додека еден тим сака само 12 тест дена во Февруари. Едно е јасно 10 тимови сакаат тест сесија во Јануари.
Ф1 тимови се согласија дека ќе има една тест сесија за млади возачи. Таа е планирана да се одржи на патеката Силверстоун помеѓу Германското ГП на 7 јули и Унгарското ГП на 28 јули.
* Сите коментари се прегледуваат пред да се објават.