Возачите конечно беа во можност да возат на сува патека по влажниот прв слободен тренинг. Во тесна битка следуваа Кими Раиконен, Фелипе Маса и Луис Хамилтон. Хамилтон, тренингот го започна со извртување на патеката во кривината со број единаесет. Повторно со побрзо време од својот тимски колега, кој беше веднаш зад него со седмо најбрзо време.
Следуваат болидите на Форс Индија и Торо Росо еден зад друг, а интересен, но опасен момент имаше Пол ди Реста на чиј болид се распадна задната лева гума на главниот правец, што покажува дека трошењето на гумите е повторно високо.
По завршувањето на само вкупно 12 круга на првиот тренинг поради врнежите од дожд, Џенсон Батон и Серџо Перез почнаа да го тестираат новиот пакет на надградби, кој вклучува и ново предно крило. Успеаа да го извозат само 12 и 13-тото најбрзо време, со големо заостанување зад водечките тимови. Џенсон Батон призна дека првата фаза од големата серија на надградби не довела до радикални подобрувања во перформансите на Мекларените.
Валтери Ботас и тимот на Вилијамс пак изјавија дека нивните надградби се пол погодок и дека болидот никогаш не се однесувал подобро, но сепак не се сигурни дали тоа и ќе донесе доволна добивка во перформансите.
ВТОР СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
Поз. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Себастијан Ветел Ред Бул 1:22.808 34
2. Фернандо Алонсо Ферари 1:22.825 + 0.017 35
3. Марк Вебер Ред Бул 1:22.891 + 0.083 36
4. Кими Раиконен Лотус 1:23.030 + 0.222 32
5. Фелипе Маса Ферари 1:23.110 + 0.302 37
6. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:23.140 + 0.332 35
7. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:23.398 + 0.590 45
8. Адријан Сутил Форс Индија 1:23.840 + 1.032 37
9. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:24.058 + 1.250 31
10. Пол ди Реста Форс Индија 1:24.104 + 1.296 25
11. Даниел Рикардо Торо Росо 1:24.175 + 1.367 32
12. Џенсон Батон Мекларен 1:24.306 + 1.498 35
13. Серџо Перез Мекларен 1:24.854 + 2.046 31
14. Валтери Ботас Вилијамс 1:24.888 + 2.080 38
15. Нико Хулкенберг Заубер 1:25.167 + 2.359 38
16. Пастор Малдонадо Вилијамс 1:25.321 + 2.513 32
17. Естебан Гутиерес Заубер 1:25.441 + 2.633 37
18. Роман Грожан Лотус 1:25.851 + 3.043 35
19. Гидо ван дер Гард Катерам 1:25.963 + 3.155 30
20. Жил Бјанки Марусија 1:26.078 + 3.270 31
21. Чарлс Пик Катерам 1:26.930 + 4.122 35
22. Макс Чилтон Марусија 1:26.970 + 4.162 25