Кими со еден од најмалите договори!!!
Луис Хамилтон му се придружи на Фернандо Алонсо како возачи кои најмногу заработуваат во Формула 1 шампионатот. Според, Bussines book GP 2013, Британецот сега заработува околу 20 милиони евра по сезона по неговиот трансфер од Мекларен во Мерцедес АМГ минатата година. Според нив Алонсо ја заработува истата сума на пари во Ферари.Следен на оваа листа е Џенсон Батон, со 16 милиони евра, па дури тогаш следи актуелниот трикратен Светски Шампион, Себастијан Ветел, со 12 милиони евра. Исто така, со двоцифрени договори се Нико Розберг со 11 милиони и Марк Вебер со 10 милиони евра, додека Бразилецот Фелипе Маса според нив има прифатено помала плата од 6 милиони евра како последница на лошата форма од 2012 сезоната.
Повратникот во Формула 1, Кими Раиконен има договор од само 3 милиони евра, но се верува дека Финецот заработува дополнителни бонуси за секојх освоен бод. Серџо Перез, Мексиканецот во редовите на Мекларен заработува само 1,5 милиони евра, а единствените други Формула 1 милионери се Роман Грожан, Пастор Малдонадо и Нико Хулкенберг сите со заработка од по 1 милион евра.