Следува трката за Шпанското ГП, која се одржува на патеката Каталуња, на која Пол позицијата се покажа како одлучувачки фактор за победата. Во изминатите 16 години болидот што стартувал од првата позиција победил на трката во 14 наврати, а останатите две победи се од втората стартна позиција. Во изминатите три трки победуваат болиди кои користат Рено мотори. На годинешната трка ќе настапат дури 7 поранешни победници: Раиконен, Алонсо, Маса, Батон, Вебер, Ветел и Пастор Малдонадо. Нема друга патека во 2013 календарот која може да смета на толку многу претходни победници. Ова е патеката на која Себастијан Ветел никогаш не освоил Пол позиција, и каде што Луис Хамилтон никогаш не победил или стартувал од првиот ред...
ВОЗАЧИ
• Себастијан Ветел е Победник на Шпанското ГП во 2011 година. Тој, исто така, заврши на подиумот во 2010 година, и покрај проблемите со кочниците. Интересно, тој никогаш ја нема освоено Пол позицијата. Патеката Каталуња и Нирбургринг се единствените две во тековниот календар на кои Пол позицијата за него досега беше неостварлив сон.
Оваа година, Ветел е блиску до остварувањето Ник Хајдфелд од 56 трки без инциденти.
• Марк Вебер доминираше на трката пред три години со стартот до самиот финиш. Минатата година имаше лоша среќа и не успеа да се пласира во топ-10 и во квалификациите и во трката. На крај заврши на 11 место со заостанување од еден круг. Тој освоил поени и се квалификувал во топ-10 тука само шест пати во 11 обиди. Тој е единствениот возачот кој не победил, откако стартувал од Пол позицијата(2011) во Барселона во изминатите 12 години.
• Фернандо Алонсо победи на својата домашна трка во 2006 година, но, исто така, заврши на второто место четири пати, последен пат на минатогодишната трка. Тој може да го изедначи рекордот за втори места на една трка, што е пет, поставен од страна Шумахер во Канада и Сан Марино. Неговиот резултат во квалификациите е одличен. Тој не се пласираше во најбрзите 10 само во неговата сезона со Минарди(2001) и има скор 10-1 против своите тимски колеги. Беше победен само од Јарно Трули во 2004.
• Фелипе Маса забележа хет-трик во 2007 година и заврши на второто место во 2008, и во двата случаи по претекнувањето на Алонсо во првата кривина. Во изминатите две трки во Каталуња, тој не успева да освои ниту еден поен.
• Џенсон Батон има два пласмани на подиумот, победа од пол позицијата во 2009 и заврши на третото место во 2011 година. Минатата година тој беше деветти со старт од 10-тата стартна позиција, зад својот тимски колега Луис Хамилтон, кој стартуваше 24-ти.
• Серџо Перез ги забележа своите први Ф1 поени на оваа патека пред две годиниж, а минатата година не ја заврши трката поради проблеми со менувачот.
• Кими Раиконен е единствениот активен возач кој има две Победи на оваа патека, во 2005 и 2008 година. Тоа се најновите победи за Мекларен и Ферари соодветно.
• Роман Грожан минатата година тука го забележа својот прв Ф1 најбрз круг, и до денес единствен.
• Нико Розберг нема добри настапи на оваа патека, најдобар забележен старт му е од 6-тата стартна позиција на минатогодишната трка, а најдобар финиш 6-то место со болидот на Вилијамс во 2007 година.
• Луис Хамилтон никогаш не победил во Барселона (дури и во ГП2 шампионатот) и нема освоено Пол позиција или старт од првиот ред. Има само три патеки на кои нема стартувано од првиот ред: Барселона, Сузука и Индија. Тој минатата година се квалификуваше на Пол позицијата во Барселона и беше втор пред две години во Индија, но и во двата случаи тој беше деградиран поради казни.
• Нико Хулкенберг има два настапи во Шпанија, во 2010 за Вилијамс, и минатата година со Форс Индија. На квалификациите и за двете трки беше 13-ти, а трката со Вилијамс ја заврши на 16-тото место, а со Форс Индија беше 10-ти. Во 2012 имаше настап само на слободните тренинзи за Форс Индија.
• Пол ди Реста веќе четврта година по ред ќе вози на оваа патека за тимот на Форс Индија, 2010 настапи само на тренизите, во 2011 се квалификуваше на 16-тата позиција, а трката ја заврши на 12-то место, за да минатата година назадува со старт од 12-тата позиција да ја заврши трката на 14-то место.
• Адриан Сутил има пет настапи на оваа патека, во период од 2007-11 година. Најдобриот настап го имаше во 2010 година, кога ја освои 11-тата стартна позиција, а трката ја заврши на 7-то место.
• Пастор Малдонадо минатата година ќе ја памти засекогаш со забележувањето на својата Прва Ф1 Победа во својата кариера, но оваа година тешко да го повтори истото поради лошата форма на Вилијамс.
• Валтери Ботас минатата година со болидот на Вилијамс го имаше своето деби појавување на петочните тренинзи.
• Жан-Ерик Верн минатата година беше дебитант на оваа патека, на квалификациите беше 14-ти најбрз возач, а трката ја заврши на 12-тото место.
• Даниел Рикардо минатата година ја имаше својата прва трка во Шпанија. Се квалификуваше на 15-та стартна позиција, но трката ја заврши на 13-то место.
• Чарлс Пик во своето деби во Шпанија со тимот на Марусија не беше во можност да ја заврши трката поради проблеми со полуосовината на неговиот болид. Оваа година со тимот на Катерам, се надева на поголем успех.
• Естебан Гутиерез, Гидо ван дер Гард, Жил Бјанки и Макс Чилтон се дебитанти на оваа трка, а единствено Французинот има настап на минатогодишните тренинзи со болидот на Форс Индија.
ТИМОВИ
• Ред Бул имаше добри настапи на трките во 2010 и 2011 година, кога двата болиди му беа на првиот стартен ред, победувајќи со Вебер во 2010 и Ветел во 2011. Минатата година, тимот имаше лоша трка, со ниту еден болид во трката за пласман на подиумот. Ветел на крајот заврши шести, Вебер 11-ти.
• Ферари е најуспешниот тим во Шпанија со 11 победи, од кои последната е во 2008 со Кими Раиконен, а Маса беше втор за еден-два Победа. Од тогаш, Ферари има само два пласмани на подиумот со Алонсо, втор во 2010 и 2012 година.
• Мекларен има осум победи на Шпанското ГП, последната во 2005 со Кими Раиконен. Последниот пласман на тимот на подиум дојде пред две години, со Хамилтон втор и Батон трет. Болидите на Мекларен имаа лош настап на квалификациите на оваа патека во последните сезони, а последната Пол позиција ја забележаа во далечната 2005 година.
• Вилијамс има седум Победи на Шпанското ГП, последната е од минатата година со Пастор Малдонадо, а првата во 1987 година со Најџел Менсел.
• Лотус на Шпанското Гран При со Аиртон Сена на трката во 1986 ја забележаа својата 100-та Пол позиција, а Емерсон Фитипалди им ја донесе 50-тата победа во 1973 година.
2013 ШПАНИЈА ГП: СТАТИСТИЧКИ СЕМАФОР
5/11/2013 01:05:00 PM
0
Share to other apps