Двата болиди на Мерцедес АМГ имаа добри стартови, Розберг и Хамилтон ги одбранија своите позиции од нападите на Ред Бул и потоа започна тактизирањето. Како на сите возачи да им беше кажано дека немаат шанси за престигнување, па по стартните неколку обиди на сите поважно им беше да ги зачуваат своите гуми, што значеше досадна трка за гледање. Марк Вебер беше прв од фаворитите што ги промени своите гуми во 26 круг, но Розберг, Хамилтон, Ветел и Алонсо продолжија да крстарат по патеката.
Тогаш, во 30 круг, Фелипе Маса со реприза на судирот од саботниот тренинг, на исто место, на ист начин, на крај заврши во истата бариера. Како денес директорот ба трката да беше решен да не го повикува безбедносното возило, но откако беше јасно дека Маса има потреба од лекарски преглед, тоа излезе на патеката за да го овозможи излегувањето на медицинското возило. По првичните прегледи на лице место, Бразилецот беше однесен во медицинскиот центар на превентивни прегледи, кои не покажаа поголеми повреди за Фелипе Маса и тој до завршувањето на трката беше пуштен да се врати во боксовите на Ферари.
Себастијан Ветел и Ред Бул реагираа веднаш со влез во боксот, додека Розберг и Хамилтон неочекувано продолжија на патеката, за на крај да мораат сепак по промена на гумите, одлука која го чинеше Хамилтон пласман на подиумот. Тој мораше да чека зад Розберг и врати на четвртото место зад двата болиди на Ред Бул. По рестартот на трката Хамилтон тргна поагресивно на Марк Вебер, но не реши да превзема големи ризици, не сакајќи да изгуби драгоцени поени.
Секако денес за ризични престигнувања беа расположени возачите кои немаа што да изгубат, а еден од нив беше Серџо Перез кој најмногу се забавуваше, и на исто место на влез во шиканата по излезот од тунелот прво го престигна својот тимски колега, Џенсон Батон, потоа следуваше обид за престигнување на Фернандо Алонсо, кое не беше комплетирано поради тоа што Ферарито ја пресече кривината. Серџо Перез побара препуштање на позицијата по тимското радио, а Алонсо се правдаше дека од безбедносни причини морал да излезе надвор од патеката, пресекувајќи ја кривината. Додека стјуардите решаваа за овој инцидент, следуваше спектакуларен судир на Макс Чилтон и Пастор Малдонадо, по кој Вилијамсот заврши под заштитните бариери. Веднаш беше покажано црвено знаме. За среќа се се заврши добро по Малдонадо, кој неповреден излезе од својот болид.
Болидите според моменталниот пласман во тој момент се наредија на стартната линија. Во меѓувреме следува одлука дека Серџо Перез мора да ја добие позицијата на Алонсо веднаш по рестартот на трката. По рестарт, Алонсо му го пропушти своето место на Перез, кој малку ги смири своите страсти, за да на сцена стапи Сутил, кој ги помина двата Шампиони на најтешкото место за престугнување, т.е. најбавната кривина во календарот кај Гранд хотелот. Прв за отстрел беше Џенсон Батон, а само неколку круга подоцна, Сутил го повтори истиот трик врз Алонсо. Двајцата шампиони како да беа "пијани" на оваа трка и ги имаа едни од своите најслаби трки.
Розберг се оддели на првото место, пред болидите на Ред Бул, а Хамилтон повторно изврши притисок врз Вебер, но следуваше второто излегување на безбедносното возило. Риман Грожан се удри во задниот дел на болидот на Торо Росо(Даниел Рикардо), обидувајќи се да премине на 13-тото место. За двата болиди тоа значеше крај на трката, а стјуардите за виновен правилно го прогласија Французинот, кој на следната трка ќе има казна од 10 стартни места поназад.
Во последните кругови, Перез охрабрен по двата успешни обиди за поминување на Батон и Алонсо, реши да го нападне и Кими Раиконен на излегување од тунелот, но Кими ладнокрвно како и секогаш ја задржа својата тркачка патека и по цена на судир, кој неминовно следуваше. Мексиканецот ги прецени своите можности и заврши во сендвич меѓу болидот на Лотус и бариерата покрај патеката. Од Мекларенот излетаа некои делови, кои го помагаа ладењето на кочниците, па тој мораше да се откаже од трката два круга подоцна. Раиконен пак заврши со дупната гума и мораше во бокс по замена на истата, за на крај изненадно да заврши на 10-тото место, но е под истрага брзо возење зад зад безбедносното возило. Разгледувањето на повеќе инциденти е во тек, како и победата на Мерцедес АМГ, откако се дозна веста дека тие извршиле тридневен тест на гуми за Пирели во Барселона.
Голема Награда на Монако, Монте Карло
78 круга, 260.520км., Време: Сончево.
ПЛАСМАН:
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ
1. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1ч56:54.500
2. Себастијан Ветел Ред Бул + 3.800
3. Марк Вебер Ред Бул + 6.300
4. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ + 13.800
5. Адриан Сутил Форс Индија + 21.400
6 .Џенсон Батон Мекларен + 23.100
7. Фернандо Алонсо Ферари + 26.700
8. Жан-Ерик Верн Торо Росо + 27.200
9. Пол Ди Реста Форс Индија + 27.600
10. Кими Раиконен Лотус + 36.500
11. Нико Хулкенберг Заубер + 42.600
12. Валтери Ботас Вилијамс + 42.600
13. Естебан Гутиерез Заубер + 43.200
14. Макс Чилтон Марусија + 49.800
15. Гидо ван дер Гард Катерам + 1:02.500
16. Серџо Перез Мекларен + 6 круга
НАЈБРЗ КРУГ: Себастијан Ветел - 1:16.577
БЕЗ ПЛАСМАН:
ВОЗАЧ ТИМ При круг
Роман Грожан Лотус 63
Даниел Рикардо Торо Росо 61
Жил Бјанки Марусија 58
Пастор Малдонадо Вилијамс 44
Фелипе Маса Ферари 28
Чарлс Пик Катерам 07
Генерален пласман по 6 трки:
Возачи: Конструктори:
1. С.Ветел 107 1. Ред Бул 164
2. К.Раиконен 86 2. Ферари 123
3. Ф.Алонсо 78 3. Лотус 112
4. Л.Хамилтон 62 4. Mercedes 109
5. М.Вебер 57 5. Форс Индија 44
6. Н.Розберг 47 6. Мекларен 37
7. Ф.Маса 45 7. Торо Росо 12
8. П.ди Реста 28 8. Заубер 5
9. Р.Грожан 26
10. Џ.Батон 25
11. А.Сутил 16
12. С.Перез 12
13. Д.Рикардо 7
14. Н.Хулкенберг 5
15. Ж.Верн 5