Дожд заврна на половина час пред почетокот на Q1, што значеше дека ќе се почне на влажна патека, ситуација со која возачите се сретнаа за прв пат овој викенд. Сите возачи ја започнаа првата сесија на Интермедиа гумите, кога малку засилено почна да врне, но во завршните минути небото се расчисти. Најбрз возач во Q1 беше Пастор Малдонадо со болидот на Вилијамс, а Гидо ван дер Гард со Катерам ја искористи настанатата ситуација за прв пат да го однесе неговиот тим во Q2 сесијата. Од ферари, и покрај најавите дека ќе го поправат болидот на Фелипе Маса, кој беше значително оштетен во утринскиот тренинг, не успеаа во тоа, па така Бразилецот ќе стартува од последната позиција.
На почетокот на Q2 сесијата, патеката не беше доволно исушена што значеше дека интермедиа гумите се повторно во игра. Возачите на нешто малку под пет минути до крајот почнаа да се префрлаат на супер-меките гуми, а прв го направи тоа изненадувањето на денот, ван дер Гард. Како се сушеше патеката времињата драстично се намалуваат, а најбрз беше Себастијан Ветел, со време поставено на крајот на сесијата. Роман Грожан беше меѓу оние за кои може да се каже дека неговата 13-та стартна позиција е изненадување.
Q3 сесијата започна со супер-меки гуми на сите Топ 10 болиди, и возачите од почетокот до крај на 10-минутната сесија еден по друг како што финишираа ги намалуваа поставените времиња. По првите извозени кругови Ред Бул беше на врвот, но Пол позицијата беше одлучена во последните моменти, кога Розберг постави побрзо време од својот тимски колега Луис Хамилтон, а Себастијан Ветел беше само 0.104с побавен од Розберг на третата и Марк Вебер уште две десетинки побавен на четвртата позиција. Кими Раиконен го забележа петтото најбрзо време, додека Фернандо Алонсо мораше да се задоволи со шестата стартна позиција со време за само 0.002с. побавно од Лотусот.
Серџо Перез повторно со добар настап за Мекларен со седмо најбрзо време, пред Адријан Сутил со осмо време. Џенсон Батон со 9-тата стартна позиција се погрижи и двата Мекларени да бидат во најбрзите 10 болиди, кои ги заокружи Жан-Ерик Верн со Торо Росо.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА
1. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:13.876
2. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:13.967 + 0.091
3. Себастијан Ветел Ред Бул 1:13.980 + 0.104
4. Марк Вебер Ред Бул 1:14.181 + 0.305
5. Кими Раиконен Лотус 1:14.822 + 0.946
6. Фернандо Алонсо Ферари 1:14.824 + 0.948
7. Серџо Перез Мекларен 1:15.138 + 1.262
8. Адријан Сутил Форс Индија 1:15.383 + 1.507
9. Џенсон Батон Мекларен 1:15.647 + 1.771
10. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:15.703 + 1.827
Q2 Најбрзо време: Себастијан Ветел 1:15.988 Разлика
11. Нико Хулкенберг Заубер 1:18.331 + 2.343
12. Даниел Рикардо Торо Росо 1:18.344 + 2.356
13. Роман Грожан Лотус 1:18.603 + 2.615
14. Валтери Ботас Вилијамс 1:19.077 + 3.089
15. Гидо ван дер Гард Катерам 1:19.408 + 3.420
16. Пастор Малдонадо Вилијамс 1:21.688 + 5.700
Q1 Најбрзо време: Пастор Малдонадо 1:23.452 Разлика
17. Пол ди Реста Форс Индија 1:26.322 + 2.870
18. Чарлс Пик Катерам 1:26.633 + 3.181
19. Естебан Гутиерес Заубер 1:26.917 + 3.465
20. Макс Чилтон Марусија 1:27.303 + 3.851
21. Жил Бјанки Марусија без поставено време
22. Фелипе Маса Ферари без поставено време
107% Време: 1:29.293