Себастијан Ветел го постави третото најбрзо време, а до него од вториот стартен ред е Кими Раиконен. Следуваат болидите на Ферари на третиот ред, а Фернандо Алонсо само петти пред Фелипе Маса со разлика од само 0.001 секунда. Следуваат Роман Грожан, Марк Вебер, Серџо Перез и Пол ди Реста. Фелипе Маса би можело да биде казнет по жалбата на Вебер дека бил попречен од Бразилецот. Стјуардите во моментов го испитуваат инцидентот.
Времето со кое Розберг ја забележа својата трета Пол позиција во својата кариера е повеќе од една секунда и пол побрзо од тоа во 2012 година поставено од страна на Вилијамсот на Пастор Малдонадо на меките гуми и покрај фактот што користењето на ДРС минатата сезона беше неограничено. Според податоците на Пирели победничка стратегија ќе биде со 3 застанувања во боксовите и тоа Медиум-Медиум-Медиум-Тврди гуми.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:20.718 12
2. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:20.972 + 0.254 12
3. Себастијан Ветел Ред Бул 1:21.054 + 0.336 17
4. Кими Раиконен Лотус 1:21.177 + 0.459 12
5. Фернандо Алонсо Ферари 1:21.218 + 0.500 12
6. Фелипе Маса Ферари 1:21.219 + 0.501 16
7. Роман Грожан Лотус 1:21.308 + 0.590 12
8. Марк Вебер Ред Бул 1:21.570 + 0.852 13
9. Серџо Перез Мекларен 1:22.069 + 1.351 12
10. Пол ди Реста Форс Индија 1:22.233 + 1.515 17
Q2 Најбрзо време: Луис Хамилтон 1:21.001
11. Даниел Рикардо Торо Росо 1:22.127 + 1.126 14
12. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:22.166 + 1.165 12
13. Адријан Сутил Форс Индија 1:22.346 + 1.345 12
14. Џенсон Батон Мекларен 1:23.166 + 2.165 09
15. Нико Хулкенберг Заубер 1:22.389 + 1.388 13
16. Естебан Гутиерес Заубер 1:22.793 + 1.792 15
Q1 Најбрзо време: Луис Хамилтон 1:21.728
17. Валтери Ботас Вилијамс 1:23.260 + 1.532 09
18. Пастор Малдонадо Вилијамс 1:23.318 + 1.590 09
19. Гидо ван дер Гард Катерам 1:24.661 + 2.933 06
20. Жил Бјанки Марисија 1:24.713 + 2.985 06
21. Макс Чилтон Марусија 1:24.996 + 3.268 06
22. Чарлс Пик Катерам 1:25.070 + 3.342 06