Рос Браун вели дека во Мерцедес АМГ не се доволно уверени дека проблемите со гумите што се случија на Бахреин ГП-то нема да се повторат и во Шпанија.
Иако тимот верува дека имаат направено напредок со контролирањето на нивната деградација, Браун вели дека не е уште сигурен на кое место ќе завршат двата нивни болиди кои ќе стартуваат од првиот ред.
"Трката е клучен дел, а тоа е она што на крајот се брои, добро е ако се стартува од првиот ред, но да се има добар сет-ап и добро менаџурање на гумите е апсолутно критично. Сигурен сум дека имаме подобрува за трката, но целта е да бидеме подобри од минатиот пат. Ние не треба да очекуваме големи чекори. Ние сакаме да бидеме малку подобри од минатиот пат. Луис заврши петти во Бахреин, така што тоа треба да биде нашата реална цел."
РОС БРАУН ВЕЛИ ДЕКА ВО МЕРЦЕДЕС ТИПУВААТ НА 5-ТОТО МЕСТО
5/11/2013 10:21:00 PM
0
Share to other apps