Даниел Рикардо на твитер го откри својот нов дизајн на кацигата за Монако ГП, на него на задниот дел има спектакуларна панорама на пристаништето во Монте Карло!!!
Според германскиот магазин Спорт Билд, Торо Росо, кој е во сопственост на Ред Бул наскоро ќе излезе со официјално соопштение дека ја прекинува соработката со Ферари, и од 2014 година ќе ги користи моторите на Рено. Гласините кружат веќе неколку месеци, но изгледа дојде време тие да се официјализираат, СО оваа промена двата тимови на Ред Бул, ќе бидат придвижувани од Рено мотори во новата V6 Ф1 ера што следи од наредната сезона.
Кими Раиконен открива дека тој во моментов има две понуди да остане во Формула 1 по 2013 година. Неговиот две-годишен договор со Лотус истекува оваа сезона, а неговиот имопресивен кам-бек се цени многу во Ф1 падокот. Тимот од Енстоун даде јасно до знаење дека го сакаат во нивниот тим и по истекот на договорот, а втората понуда се шпекулира дека е од Ред Бул, тим кој сеуште не ги потврдува своите планови за Марк Вебер. Но, како што вика и самиот Кими:" Иако имам две понуди, во Формула 1 никогаш не знаеш точно на што си. Се е возможно."
2013 МОНАКО ГП: КРАТКИ НОВОСТИ НА ДЕНОТ
5/22/2013 03:43:00 PM
0
Tags
Share to other apps