Себастијан Ветел верува дека може да стигне до Првата победа во Канада, со старт од првата позиција:
"Tешко e да се каже каквo ќе биде времето за трката, но сегашната прогноза е дека ќе немаме врнежи од дожд. Тоа не мора да значи ништо, но посакувам сув асфалт. Ги потрошивме сите интермедиа гуми, но ни останаа многу нови слик гуми и ако биде сува трка, мислам дека ќе биде многу интересно на патеката. Но, она што е најважно е дека ние сме подготвени за сите временски услови."
Луис Хамилтон ќе стартува од втората позиција веќе трета последователна трка, што е негов четврти старт од предниот ред во последните пет трки:
"Добро е што повторно сум на првиот стартен ред, но сум помалку разочаран со мојот квалификациски брз круг, кога направив грешка која ме чинеше Пол позиција.Денес треба да биде добра можност за нас, болидот беше одличен на дождот, но и на суво, па јас посакувам дождот да остане подалеку за време на трката и се надевам дека можеме да го предизвикаме Себ за Победата. Имам добро чувство за болидот, па ајде да видиме што можеме да направиме на трката."
Валтери Ботас покажа силно темпо во влажни услови, и ја обезбеди неговата најдобра стартна позиција во дебитантската Ф1 година за него:
"Прекрасно е чувството да се квалификуваш на третата позиција, а тимот направи навистина добра работа на патеката. Дождот ја направи патеката многу лизгава, но тоа ни одговараше бидејќи болидот се управуваше многу добро на условите кои владееа. Бевме на вистинските гуми во вистинското време, што беше од голема важност во квалификациите. Ако за трката патеката е сува, тогаш ќе биде многу тешко да се остане на оваа позиција каде што сме, па јас се надевам дека ќе има дожд. Целиот тим работи напорно за да ги подобриме нашите перформанси и ние постојано правиме подобрувања на секоја трка."
Фернандо Алонсо и покрај недостигот на грип во квалификациите верува дека тој може да дојде до Победата ако патеката остане сува за време на денешната трка:
"Со добро темпо во трката, шестата стартна позиција ни дава можност да се бориме за Победата. Вистината е дека ние сме малку разочарани, бидејќи имавме чувство дека можеме да бидеме конкурентни овој викенд, но ние започнуваме само како шести. Ние треба да форсираме, да го покажеме својот потенцијал и да освоиме многу поени. Ќе мора да останеме смирени и верувам дека можеме да Победиме. Не знаеме како ќе биде времето за денешната трка, но видовме дека не сме премногу конкурентни на интермедиа гумите."
Кими Раиконен, кој е на второто место во Шампионатот со осум поени пред Алонсо, се квалификуваше на 9-тото место, но по казната ќе стартува 10-ти:
"Дождот никогаш не бил добар за нас, но тоа е она што е... Да видиме какво ќе биде времето, бидејќи некои временски прогнози велат дека треба да биде сува трка, а некои најавуваат мали шанси за дожд. Ако е сува ќе биде полесно за нас и тогаш можеме да се надеваме дека ќе направиме добар резултат и можеби пласман на Подиумот."
2013 КАНАДА ГП: СИТЕ ПОСАКУВААТ СУВА ПАТЕКА ЗА ДЕНЕШНАТА ТРКА, ОСВЕН ТИМОТ НА ВИЛИЈАМС Ф1
6/09/2013 02:10:00 PM
0
Share to other apps