По првите две европски трки, Формула 1 тимовите одлетаа во Монтреал за Канадското Гран При, седмата трка од 2013 Шампионатот. 11 од 14 кривини на патеката Жил Вилнев се земаат со помала брзина од 160 километри на час. Две од последните три Канадски трки поминаа без безбедносниот автомобил. За разлика од претходното Гран при, што се одржа на улиците на Монте карло, на патеката Жил Вилнев освоувањето на Пол позицијата не дава некоја посебна предност, па така од 2000-тата година, на трката Победник бил тој што стартувал од неа само во четири прилики. Исто така, во овој период 4 пати е Победник тој што стартувал од втората стартна позиција. Сепак пласман на првиот стартен ред не е од минимално значење. Ќе има две ДРС зони во Канада со еднa точка на детекција, 110 метри по кривината 9. Првата започнува 55 метри пред кривината 12, а втората 70 метри по последната кривина т.е. стартно-целниот правец.
ВОЗАЧИ
• Себастијан Ветел викендов ќе настапи на патеката во Монтреал, која е една од осумте патеки каде што настапил но никогаш не победил. Другите се Остин, Хокенхајм, Хунгароринг, Фуџи, Индијанаполис, Мањи-кур и Нирбургринг, од кои само првите три се на распоред во тековната сезона. Најдобариот негов резултат е второ место на трката во 2011 година, но беше разочаран од губењето на водството во последниот круг, кога по направената грешка беше поминат од Џенсон Батон. Минатата година, Себастјан беше четврти, како и три години пред тоа. Тој секогаш се квалификува на првиот стартен ред со болидот на Ред Бул(3 сезони), освојувајќи ја Пол позицијата во последните две трки. Во сите негови четири трки на Жил Вилнев секогаш освојувал поени, а во дебито на оваа патека со болидот на Торо Росо, се квалификуваше на 19-тата стартна позиција, а трката ја заврши на 8-то место(2008г.).
• Марк Вебер заврши на подиумот само еднаш од 10 стартувани трки, т.е беше трет пред две години. Тој никогаш не се квалификувал на првиот стартен ред, со надобра 4-та стартна позиција на последните 2 трки. Во Монтреал не му оди баш се како што посакува, а се извртува или има инциденти со други болиди во не помалку од пет трки (2004, 2007-08, 2010-11). Има само една нефиниширана трка во 2004 година со болидот на Јагуар.
• Фернандо Алонсо, исто така, често се соочува со проблеми во Канада, не завршил пет од десет стартувани трки. Тој беше Победник, стартувајќи од Пол позицијата во 2006 година и заврши на трето место во 2010 година. Освен во неговата година со Минарди во 2001 година, тој секогаш се квалификувал во најбрзите пет возачи.
• Фелипе Маса никогаш не се пласирал на првиот стартен ред и никогаш не се пласирал на Подиумот во Монтреал. Неговиот најдобар резултат е четвртото место, остварено во 2005 година со Заубер, а најдобар пласман во квалификациите му е третата стартна позиција од пред две години. Бразилецот секогаш бил победуван од своите тимски колеги и неговиот квалификациски скор е 0-9.
• Џенсон Батон победи во 2011 година и има пласман на Подиумот во 2004 и 2010 година. Минатата година не беше една од неговите најдобри трки, бидејќи беше поминат за еден круг од страна на неговиот тогашен тимски колега Луис Хамилтон, кој беше победник на трката. Интересно е што Батон водел само еден круг тука, и тоа последниот круг од 2011 трката, кој му ја донесе победата.
• Серџо Перез, минатата година, имаше добра трка и беше во можност со старт од 15-тата стартна позиција да дојде до пласман на Подиумот, освојувајќи го третото место, застанувајќи само еднаш за промена на гуми.
• Кими Раиконен има два пласмани на подиумот, Победник во 2005 - со старт од седмата стартѕна позиција, и третото место во 2006 година. Единствената година кога тој не освоил поени во Монтреал е 2008 година, кога тој беше удрен од Луис Хамилтон во пит-линијата.
• Роман Грожан со слична стратегија како и Перез, со старт од седмата позиција, минатогодишната своја деби трка ја заврши на второто место.
• Нико Розберг секогаш е добар во квалификациите, бидејќи секогаш се пласирал во топ 10, но има разочарувачки настапи во трката, каде што тој завршил во поени само двапати. Минатата година беше повторување на неговиот најдобар резултат тука, 5-тата стартна позиција - исто како и во 2008 и 6-то место во трката - исто како и во 2010 година. Еден статистички елемент ќе се промени оваа година, и Розберг, 6-0, и Хамилтон, 5-0, отсекогаш ги победувале нивните тимски колеги во квалификациите на оваа патека.
• Луис Хамилтон е еден од најуспешните возачи тука со три Пол позиции(2007, 2008, 2010) и три Победи (2007, 2010, 2012) од три завршени трки. Тој е на второ место по победи во Монтреал зад Михаел Шумахер кој има 7 победи и 6 Пол позиции. Единствениот пат кога Хамилтон нема освоено поени тука, се трките во 2008 година, по судирот во пит-линијата и во 2011 година по контактот со неговиот тимски колега Батон.
• Нико Хулкенберг има два настапи во Шпанија, во 2010 за Вилијамс, и минатата година со Форс Индија, со чиј болид настапи и на слободните тренинзи во 2011 година. На квалификациите во 2010г. со болидот на Вилијамс беше 12-ти, а трката ја заврши на 13-тото место, а 2012, со Форс Индија се квалификуваше на 13-тата позиција, а трката ја заврши на 12-тото место.
• Пол ди Реста има два старта на оваа патека за тимот на Форс Индија, во 2011 се квалификуваше на 11-тата позиција, а трката не ја заврши по излетувањето од патеката, за да минатата година биде 8 најбрз возач, но во трката назадуваше и на крај мораше да се задоволи со 11-то место, со што за малку не успеа да ги забележи своите први поени.
• Адриан Сутил има 4 настапи на оваа патека, во период од 2007-11 година, и не баш најдобри спомени. Најдобриот настап го имаше во 2010 година, кога ја освои 9-тата стартна позиција, а трката ја заврши на 10-то место. Останатите три стартувани трки не успеа да ги заврши, и тоа два пати поради излетување и еднаш со дефект на менувачот.
• Пастор Малдонадо има стартувано на две трки во Канада, од кои едната во 2011 не ја заврши, а минатата година, кога Вилијамсот беше одличен, успеа со старт од 22-та позиција, да стигне до 13-то место.
• Жан-Ерик Верн минатата година беше дебитант на оваа патека, на квалификациите беше 19-ти најбрз возач, а трката ја заврши на 15-тото место.
• Даниел Рикардо минатата година ја имаше својата прва трка во Канада. Се квалификуваше на 14-та стартна позиција, и трката ја заврши на 14-то место. На оваа патека настапи на слободните тренинзи во 2011 година со болидот на Торо Росо.
• Чарлс Пик во своето деби во Канада со тимот на Марусија не беше во можност да се квалификува подобро од 23-тата позиција, но во трката напредуваше малку и заврши на 20-тото место.
• Естебан Гутиерез, Валтери Ботас, Гидо ван дер Гард, Жил Бјанки и Макс Чилтон се дебитанти на оваа трка, а единствено Французинот има настап на минатогодишните тренинзи со болидот на Форс Индија.
ТИМОВИ
• Мекларен е тимот со најмногу Победи на Канадското ГП, 13, од кои 9 се на патеката во Монтреал, која се вози од 1978 година. Овој тим забележува Победа на последните три трки, со што е изедначена рекордната низа од последователни победи на оваа патека, забележана од страна на Ферари од 2002 до 2004 година.
• Ферари од друга страна е најуспешниот тим во Монтреал со 10 Победи(вкупно 11). Но, последната датира од ерата на Шумахер во 2004 година, а својата последна Пол позиција ја забележале во далечната 2001 година.
• Вилијамс е трет тим по забележани Победи, 7, а последната е со Ралф Шумахер во 2001 година, а последен пат се искачија на подиумот на оваа патека во 2007 година со Алекс Вурц, а на последните четири трки имаат многу слаби настапи. Рубенс Баричело со 9-тот место во 2011 година им ги донесе нивните најнови поени.
• Ред Бул никогаш не победил во Монтреал. Нивниот најдобар резултат досега е второто место, добиено со Ветел. Ред Бул има само три пласмани на Подиумот во Канада, со двата болиди во 2010 година, и во 2008 со третото место на Дејвид Култхард. Ред Бул ја освојува Пол позицијата на последните две Канадски Трки, постигнување кое не можеше да им ја донесе првата победа.
• Лотус има Победа, како Рено, тука во 2006 година, додека минатата година го имаше второто место на подиумот со Грожан.
• Мерцедес освојува поени во три трки од шест започнати. Својот најдобар резултат го имаа со четвртото место на Шумахер во 2011 година и 5-тата стартна позиција со Розберг минатата година.
• Форс Индија ќе ја прослави својата 100-та Гран При трка во Канада, патека каде што освојувале поени само во 2010 година, со двата болида.
• Заубер минатата година со Перез имаше пласман на подиумот, трето место. Имаат 1-2 Победа со Роберт Кубица и Ник Хајдфелд како БМВ Заубер во 2008 година.
• Торо Росо од двоен финиш во поени пред две години, до двоен финиш без поени минатата година. Никогаш немале болид во најбрзите 10 во Канада, а најдобрата стартна позиција е 12-тата од страна на Лиуци во 2007 година.
2013 КАНАДА ГП: СТАТИСТИЧКИ СЕМАФОР
6/07/2013 02:54:00 PM
0
Share to other apps