Пол ди Реста го искористи дождот за да постигне најбрзо време на СТ1
Пол ди Реста со болидот на Форс Индија со најбрзо време на Првиот слободен тренинг за Канадското Гран При. Британецот го постави најбрзото време во последните моменти од сесијата, кога патеката речиси беше сува, по влажниот почеток, а го искористи и жолтото знаме по инцидентот на Пастор Малдонадо, кој повторно остана без предно крило по извртувањето на патеката и судирот со бариерите.Пол Ди Реста го постави неговото најбрзо време со користење на медиум гумите на Пирели. Џенсон Батон од Мекларен беше втор најбрз, а трет возачот на Лотус, Роман Грожан. Фернандо Алонсо и Кими Раиконен ги заокружија Најбрзите 5 возачи.
По паѓање од 12 часа, дождот во Монтреал запре на време за почетокот за првиот тренинг. Патеката беше многу влажна, па сите возачи започнаа на сините гуми за дожд на Пирели. На овој тренинг шанса да вози за тимот на Катерам доби Александар Роси, во болидот на Чарлс Пик. На почеток се разбира времињата за 20 секунди побавни од реалните времиња кои би се возеле ако патеката беше сува. Ветел со нов дизајн на кацигата во доминантно црвена боја, да не најавува преселба во Ферари?:). По поминати 30 минути, патеката започна да се суши, што беше шанса болидите да се префлат на интермедиа гумите.
Со новите гуми времињата значително започнаа да се намалуваат, а во тие моменти најбрзо време забележа Нико Розберг од 1:26.051, или сега за околу 10 секунди од прогнозираните времиња за сува патека. На влажна патека секогаш има излетувања, а една авантура надвор од патеката имаше Луис Хамилтон, кога избегнувајќи ги побавните болиди заврши над рабниците и тревата во последната шикана.
Започнувањето на последните 30 минути, ги донесе и првите болиди на гуми за суво, а тоа беа двајцата возачи на Торо Росо, кои излегоа на патеката со медиум гумите на Пирели. Температурата на патеката се зголеми за неколку степени, а Жан-Ерик Верн прв и со новите прототип гуми на Пирели, но мораше само да констатира дека тркачката линија на неколку места е влажна, што не дозволува правилна употреба на слик гумите.
Во последните 10 минути од тренингот, сите се обидоa да постават времиња на гумите за суво, па следуваа и многу извртувања на патеката: Хулкенберг, Перез, ван дер Гард, но во тие моменти Џенсон Батон на прототип гумите од Пирели го постави најбрзото време, и кога помисливме дека конечно Мекларен ќе биде на врвот, не демантираше Пол ди Реста, со 0.088 побрзо време. За да нема понатамошно подобрување на времињата се погрижи Малдонадо, кој изгуби контрола врз својот болид и удри во бариерите на излезот од кривината 4.
Тешко да се извлечат некои заклучоци за текот на останатиот викенд во Канада по завршувањето на СТ1, а најбрзото време е за шест секунди побавно од перформансите на болидите на суво време. Вториот слободен тренинг започнува во 20:00 СЕТ/МК.
ПРВ СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Пол ди Реста Форс Индија 1:21.020 10
2. Џенсон Батон Мекларен 1:21.108 + 0.088 20
3. Роман Грожан Лотус 1:21.258 + 0.238 21
4. Ферндо Алонсо Ферари 1:21.308 + 0.288 16
5. Кими Раиконен Лотус 1:21.608 + 0.588 22
6. Даниел Рикардо Торо Росо 1:22.068 + 1.048 18
7. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:22.402 + 1.382 22
8. Серџо Перез Мекларен 1:22.587 + 1.567 17
9. Себастијан Ветел Ред Бул 1:23.047 + 2.027 26
10. Марк Вебер Ред Бул 1:23.131 + 2.111 16
11. Фелипе Маса Ферари 1:23.341 + 2.321 13
12. Валтери Ботас Вилијамс 1:23.352 + 2.332 17
13. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:23.386 + 2.366 19
14. Адријан Сутил Форс Индија 1:23.417 + 2.397 19
15. Естебан Гутиерес Заубер 1:23.957 + 2.937 33
16. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:25.054 + 4.034 21
17. Нико Хулкенберг Заубер 1:25.354 + 4.334 22
18. Гидо ван дер Гард Катерам 1:25.753 + 4.733 21
19. Макс Чилтон Марусија 1:25.821 + 4.801 19
20. Александар Роси Катерам 1:27.143 + 6.123 20
21. Пастор Малдонадо Вилијамс 1:27.522 + 6.502 11
22. Жил Бјанки Марусија 1:29.306 + 8.286 8