Себастијан Ветел со предоминантна победа!!!
Германецот со добар старт од Пол позицијата, веќе во првиот круг беше во можност да направи разлика од две секунди пред Луис Хамилтон, за потоа постепено да исчезне во далечината. Фернандо Алонсо го освои второто место, кое му го одзеде на Луис Хамилтон при крајот на трката, а Мерцедесот мора да биде презадоволен и со третото место на подиумот. Убаво е да се видат три Шампиони на истиот, но уште поубаво би било кога борбата за првото место биде неизвесна до самиот крај.
По променливите временски услови во претходните два дена, се појави сонцето на патеката, која своето име го добила по Канадскиот херој, кој Победи на 1-то одржано Гран При на оваа патека во далечната 1978 година. Поради дождот во Квалификациите сите можеа да бираат на кои гуми ќе ја стартуваат трката, а најбрзите 10 се одлучија за супер-меките гуми.
Како ретко досега сите имаа добар старт, освен очекувано Ботас, новакот во предниот дел од стартниот редослед кој изгуби две места, за наскоро да биде поминат и од Алонсо за 5-тото место. После ова зад него се формираше мини колона, но не за долго, а прв успеа да го помине Верн, за потоа да се проба и Сутил, но се изврте на патеката, и неговата потенцијално добра трка беше уништена. Подоцна и Малдонадо заврши во задниот дел на неговиот болид за дополнително да му ја загорчи денешната трка. Венецуеланецот доби казна од 10 секунди во боксовите.
Напред Хамилтон немаше одговор за Ветел, но и Нико Розберг, неговиот тимски колега зад него вршеше добра работа, забавувајќи ги Вебер и Алонсо. На крај тоа излезе повеќе подобро за Ветел, отколку за Британецот. Тука беше решен и победникот на трката. Следува стратешка грешка на тимот на Мерцедес АМГ кога поголемиот дел од фаворитите се одлучи за промена на медиум гуми, тие ставија супер-меки гуми на неговиот болид, грешка по која падна на 5-тото место.
Жан-Ерик Верн по поминувањето на Ботас на почетокот, имаше комфорна трка на шестото место, што е неговиот најдобар резултат во неговата Ф1 кариера. Пол ди Реста ја искористи "нежноста" на болидот на Форс Индија кон Пирели гумите, и со стартот од 17-тата позиција успеа да дојде до седмото место. Тој комплетираше стинт од 50 круга на медиум гумите пред да го направи својот единствен пит-стоп.
Фелипе Маса, можеби беше најактивниот возач на патеката со најмногу престигнувања, вклучувајќи го и тоа на Кими Раиконен во последните метри од последниот круг, но цел тој труд само за 8-то место и мизерни 4 бода за болид на Ферари. Кими Раиконен заврши на 9-тото место потпомогнато од грешката на неговите механичари за време на промената на гуми, а топ 10 пласманот го заокружи Адријан Сутил, кој како што кажавме имаше потенцијал за многу повеќе.
Болидите на Мекларен и на оваа трка останаа многу блиску, но далеку од бодовите. И покрај неговата висока стартна позиција, Ботас на крај трката ја заврши на 14-то место. Тоа е тоа, кога нема перформанси болидот и да ти ја дадат Пол позицијата не може да се надеваш на Победата.
ГОЛЕМА НАГРАДА НА КАНАДА, МОНТРЕАЛ;
70 круга, 305.270км., Време: Сончево.
ПЛАСМАН:
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ
1. Себастијан Ветел Ред Бул 1ч32:09.143
2. Фернандо Алонсо Ферари + 14.408
3. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ + 15.942
4. Марк Вебер Ред Бул + 25.731
5. Нико Розберг Мерцедес АМГ + 1:09.725
6. Жан-Ерик Верн Торо Росо + 1 круг
7. Пол ди Реста Форс Индија + 1 круг
8. Фелипе Маса Ферари + 1 круг
9. Кими Раиконен Лотус + 1 круг
10. Адријан Сутил Форс Индија + 1 круг
11. Серџо Перез Мекларен + 1 круг
12. Џенсон Батон Мекларен + 1 круг
13. Роман Грожан Лотус + 1 круг
14. Валтери Ботас Вилијамс + 1 круг
15. Даниел Рикардо Торо Росо + 2 круга
16. Пастор Малдонадо Вилијамс + 2 круга
17. Жил Бјанки Марусија + 2 круга
18. Чарлс Пик Катерам + 2 круга
19. Макс Чилтон Марусија + 3 круга
20. Естабан Гутиерез Заубер + 7 круга
Најбрз Круг: Марк Вебер - 1:16.182
БЕЗ ПЛАСМАН:
ВОЗАЧ ТИМ ПРИ КРУГ
Нико Хулкенберг Заубер 46
Гидо ван дер Гард Катерам 44
По 7 поминати трки:
Возачи: Конструктори:
1. С.Ветел 132 1. Ред Бул 201
2. Ф.Алонсо 96 2. Ферари 145
3. К.Раиконен 88 3. Мерцедес АМГ 134
4. Л.Хамилтон 77 4. Лотус 114
5. М.Вебер 69 5. Форс Индија 51
6. Н.Розберг 57 6. Мекларен 37
7. Ф.Маса 49 7. Торо Росо 20
8. П.ди Реста 34 8. Заубер 5
9. Р.Грожан 26
10. Џ.Батон 25
11. А.Сутил 17
12. Ж.Верн 13
13. С.Перез 12
14. Д.Рикардо 7
15. Н.Хулкенберг 5