Еден од Маршалите на патеката е во критична состојба откако е прегазен од кранот кој го враќал болидот на Естебан Гутиерес по завршувањето на Канадското ГП.
Д-р Жак Бушард, главниот медицински офицер, изјави дека маршалот се сопнал пред движечкиот кран и бил прегазен од едно од огромните тркала:
"Големо тркало заврши над неговото тело, па така постојат бројни фрактури. Тоа е она што го знаеме за сега. Има ли оштетување на белите дробови? Ние мисламе дека не. Има ли оштетување на мозокот? Исто така мислиме дека нема."
Маршал доби прва помош во медицинскиот центар на патеката, за потоа да биде транспортиран по воздушен пат до најблиската болница во Монтреал.
Update: ФИА објави дека повредениот маршал им подлегнал на повредите здобиени во несреќата со кранот. Маршалот, член на автомобилски клуб de l'Île Notre Dame, помагал во враќањето во бокс на болидот на Заубер, кога во еден момент му испаднала неговата радио-станица, која се обидел да ја подигне, но при тоа се сопнал и бил прегазен од страна на кранот кој го имал подигнато болидот.
ЕДЕН ОД МАРШАЛИТЕ НА ПАТЕКАТА ВО МОНТРЕАЛ ЗАГИНА ВО ТРАГИЧНА НЕСРЕЌА
6/10/2013 01:14:00 AM
0
Tags
Share to other apps