Според, Рос Браун, тимскиот шеф на Мерцедес АМГ, Луис Хамилтон не треба да направи драстични промени во својот стил на возење за да одговори на предизвикот од својот тимски колега Нико Розберг, само му е потребно време да се навикне на новиот болид.
"Мислам дека тоа е доста суптилна работа, но искрено, него ќе му биде потребно само малку време да се навикне. Исто и ние како тим треба да научиме како возачот комуницира, како да разбереме што е тоа што тој сака да се постигне, како да се наштелува болидот за да одговара на неговите потреби. Хамилтон може да се разликува од Нико во однос на она што тој го бара."
"Нико е со тимот четири или пет години и тој точно знае кои копчиња да ги притисне. Луис го развива неговото разбирање на тоа. Кај кој човек да оди, ако сака да разговара за тоа и тоа, кај кого да се обрати ако сака да дебатира за одредени аспекти на болидот."
"Ние имаме многу добра група, многу искусни луѓе, кои работат со Луис. Само е потребно малку време. Сакаме возачите да бидат колку што може поблиски, сакаме од нив да си вршат притисок еден со друг. Не сакам да видам, и Тото Волф не сака да види, возач кој вели дека е среќен со второто место. Тоа не е добро."
"Ние сакаме нашите возачи, кога тие не се напред во поредокот, да знаат дека тие треба да се подобрат, дека тие мора да најдат начини за добивање на повеќе од пакетот, повеќе од болидот, повеќе од себе и повеќе од тимот."
РОС БРАУН ВЕРУВА ВО ЛУИС ХАМИЛТОН
6/03/2013 03:51:00 PM
0
Share to other apps