Во тимот на Форс Индија емоциите од трката во Монако се се уште свежи и се надеваат дека добрите перформанси ќе се пренесат и во Монтреал за Канадското ГП. На трката во Монако возачкиот тандем на овој тим покажа дека е достоен за Ф1 шампионатот, и веројатно добрите перформанси помогнаа да се замолчат некои критичари на тимот.
Престигнувањата од страна на Адриан Сутил на двајцата поранешни светски шампиони ќе останат долго запаметени, но треба да се истакне и Пол ди Реста, кој со старт од 17-тата стартна позиција стигна до 9-тото место. Во тимот мислат дека се блиску до својот прв подиум по 2009 година, и дека е крајно време да се направи тој важен чекор напред. Монтреал ќе биде одлично место за да се направи тоа, патека која ги фаворизира престигнување, а болидот на форс Индија покажа дека можеби може да се носи со најбрзите болиди во трка.
Адриан Сутил: "Се чувствував многу убаво, со освоеното 5-то место во Монако. По четири тешки трки, бев подготвен за овој резултат. Имавме неколку пропуштени можности, но јас се обидов да останам позитивен, затоа што можев да го видам потенцијалот на болидот. Монако ГП-то не беше најлесниот викенд за мене, но на крај се излезе многу добро со петтото место."
"Престигнувањата на двајцата шампиони беше посебно чувство. Уште од првиот круг, знаев дека на тоа место има можност да се престигнува. По рестартот, кога сите болиди беа еден до друг, видов шанса и ја искористив. Прво го престигнав Џенсон, а потоа Фернандо. Престигнувањата секогаш предизвикуваат добро чувство, но во Монако тоа е екстра посебно, бидејќи мора да се да биде совршено."
"Канада ГП-то е дефинитивно една од моите омилени трки во календарот, но поради некоја причина јас никогаш не сум имал добри резултати таму. Се надевам дека можеме да го промениме тоа оваа година."
ФОРС ИНДИЈА ЦЕЛИ КОН ПЛАСМАН НА ПОДИУМОТ
6/04/2013 03:53:00 PM
0
Share to other apps