Враќајте ги назад, нема промени!!!
Пирели ги најави гумите кои ќе се користат на следните три трки во Велика Британија, Германија и Унгарија. Конструкцијата на истите ќе остане непроменета, спротивно на првичните нивни планови. Оваа одлука се должи на фактот што новите гуми, кои беа претставени на петочните тренинзи во Канада, не можеле доволно да се тестираат поради дождот, но и тимовите не успеале да се договорат за воведување на промени. Сега, наместо промена на гумите, Пирели ќе го менува производствениот процес кој треба да осигура дека прашањето со деламентацијата ќе биде решено.За Британското ГП се номинирани портокаловите тврди и белите медиум гуми, двете најтврди гуми во палетата на Пирели, кои најдобро ќе одговорат на високо-енергетските барања на Силверстоун патеката.
Во Германија ќе бидат донесени белите медиум и жолтите меки гуми. Патеката Нирбургринг е со различни брзини и кривини, плус сектори на големо кочење. Абразивноста на асфалтот е многу ниска, па потребен е голем механички грип од гумите. Во комбинација со променливите временски услови, меките и медиум гуми се најдобар избор за оваа позната Германска патека.
За Унгарија Пирели ќе ги донесе портокаловите тврди и белите медиум гуми. Унгарија е најбавната постојана патека во календарот, но сепак со многу барања за гумите, поради нејзиниот кривулест распоред, што значи дека гумите се движат многу повеќе отколку на брзите со долги правци патеки. Во комбинација со високите температури номинираните гуми се најдобар избор за оваа патека, со оглед на тоа дека, оваа година, соединенијата од кои се направени гумите се помеки отколку минатата година.
Правилата предвидуваат дека во нормални околности секој тим ќе добие шест комплети од потврдите и пет сета на помеките гуми за секој тркачки викенд. Пирели исто така, на секоја трка, ги носи и своите зелени интермедиа и сините гуми за дожд.
ТРКА ЦРВЕНИ ЖОЛТИ БЕЛИ ПОРТОКАЛОВИ
1. Австралија Супер-меки Медиум
2. Малезија Медиум Тврди
3. Кина Меки Медиум
4. Бахреин Медиум Тврди
5. Шпанија Медиум Тврди
6. Монако Супер-меки Меки
7. Канада Супер-меки Медиум
8. Британија Медиум Тврди
9. Германија Меки Медиум
10. Унгарија Медиум Тврди