Луис Хамилтон верува дека на Мерцедес АМГ се уште му е потребен голем чекор напред за Британското ГП, за да бидат во можност да се натпреваруваат со Ред Бул и Ферари.
"Навистина не знам што ќе донесе следната трка, но Ферари и Ред Бул, беа многу брзи на Канадското Гран При од некоја причина. Па, ние треба да разбереме како да се подобриме, и тоа е она на што работиме. Деградација на гумите! Тркачкото темпо ќе биде предизвик, бидејќи Силверстоун има многу брзи кривини, а тоа е совршено место за вашите гуми да се прегреваат и потрошат. Но, во последните две трки нашето темпо во долгите стинтови е фантастично. Тоа беше добро во Монако, и беше навистина добро во Канада."
"Ние не бевме толку брзи како Ред Бул и Ферари, но тоа темпо беше навистина добро за нас. Ние мора да го подобриме уште повеќе, и се надевам дека кога ќе дојдеме на брзи патеки, дека ќе бидеме во состојба да го задржиме она што го имавме во Канада. Сакам да им овозможам добар резултат на фановите. Силверстоун е секогаш посебен за мене, и јас сакам да победам, во моето срце. Сакам да бидам што повисоко пласиран во поредокот. Важно е да се има Британец на подиумот. Пол позиција ќе биде неверојатна ако ја освојам. Тоа ќе биде како да се повторува 2007 одново, па тоа е она што јас ќе се обидам да го направам."
ХАМИЛТОН ПОСАКУВА БРИТАНЕЦ НА ПОДИУМОТ ВО СИЛВЕРСТОУН
6/13/2013 01:32:00 PM
0
Tags
Share to other apps