Со победата во Бразил на крајот од минатогодишниот Ф1 Шампионат и заминувањето на Луис Хамилтон од тимот на Мекларен, Џенсон Батон изгледаше како вистински добитник за тековниот Шампионат. Но, сонот на Батон за освојување на втора Титула Светски Шампион по триумфот во 2009 година се претвори во кошмар.
Ако тој минатите сезони пристигнуваше во Силверстоун, со вистинска шанса за Победата, овој викенд реалноста е поинаква. Неговиот годинешен Мекларен е можеби најлошиот болид досега конструиран. Батон нема надеж за Победа во Силверстоун, и без надеж во шампионатот, со Мекларен на засрамувачкото шесто место во шампионатот на конструктори. Тимот го напушти Монтреал без освоен бод по 64 последователни трки во бодови. Но, најтрагичното е што не се гледа светло во тунелот, а Мекларен се уште тоне надолу. Тимот нема освоено титула од 2008 година, но секогаш победувале на трките, но дали тоа ќе е случај и со оваа сезона?!?.
Џенсон Батон, во интервју за Дејлимеил, вели дека на последната трка во Канада, никогаш во кариера, која се протега повеќе од 235 трки, не почуствувал толкаво олеснување кога излегол од неговиот МП4-28: "Кога ќе се разбудам наутро, тогаш таа помисла боли. Сфаќате колку лош викендот сте имале. Тоа изгледа лошо од надвор и тоа е тешко од внатре. Јас не сум единствениот кој се чувствува така. Секој член на Мекларен е навикнат да се бори за Победа, да се бори за Титулите."
"По Канада, јас се слушнав по телефон со тимот да прашам: Што ќе правиме на Силверстоун?. Добив одговор дека нема да победиме на Британското ГП, но важно е да видиме подобрување за сите во тимот. Можам да почнам со "фрлање дрвја и камења" по тимот, за да ми олесни на душата и да ја покажам мојата болка, но тоа најверојатно ќе предизвика лоши последици, намалување на самодоверба. Мора да се најде вистинскиот начин, да кажете она што мислите. Да се однесувате како возрасен човек."
"Значи, кој е нашиот основен проблем? Ние ја немаме аеродинамиката на водечките болиди. Голем дел од нашите проблеми е управувањето со болидот, потскокнувањето по патеките ја намалува аеродинамиката, која не е константна ни на правците, ни низ кривините. Таа, исто така, ограничува што можете да направите со подесувањето на болидот. Не ви дава можност за компромис. Но, да се надеваме дека во Силверстоун, нема да е толку лошо."
ЏЕНСОН БАТОН - СОНОТ СЕ ПРЕТВОРИ ВО КОШМАР
6/25/2013 11:41:00 AM
0
Tags
Share to other apps