Во склоп на 2013 Париз аеромитингот кој се одржува во изложбениот центар Ле Бурже од 17-23 Јуни, Рено ја претстави својата 2014 V6 турбо Ф1 моторна едница.
Во 2014 година Формула 1 ќе влезе во нова ера, со воведување на една од најзначајните технички промени што е направена во овој спорт во повеќе од две децении. Прописите за моторите формираат голем дел од оваа револуција, со воведувањето на нова генерација на моторни единици кои комбинираат 1.6 литарски V6 турбо мотор со системи за обновување на енергијата кои драматично ќе ја зголемат ефикасноста, со собирање на енергија што се троши како топлина во издувните гасови и сопирачките.
Максимална моќност на новата моторна единица ќе ја надмине моќноста на сегашните V8 атмосферски Ф1 мотори и во исто време потрошувачката на горивото ќе биде радикално намалена. Со само 100 килограми гориво дозволено за трката, новите единици ќе користат 35% помалку гориво отколку нивните претходници.
Веќе неколку години, Рено го користи своето искуство од тркачките патеки за развој на енергетски ефикасни мотори за обичните автомобили. Целите им се јасни: одржување или подобрување на задоволството на возење, виталноста и забрзувањето со помали мотори за да се постигне намалување на потрошувачката на гориво и емисијата на CO2.
Рено ги користеше истите овие принципи во развојот на Ф1 моторната единица, создавајќи комплетен, и вистински, кружен процес на развој помеѓу обичните патишта и тркачките патеките. Поради овие причини, Рено својата Ф1 моторна единица ја именуваше како Energy F1, што јасно укажува на фактот дека Ф1 моторната единица ја дели истата ДНК со моторите на конвенционалните автомобили.
Жан-Мишел Жалиње, претседател на Рено Спорт Ф1:
"Од следната година, еден од најголемите предизвици во Формула 1 ќе биде да се зголеми енергетската ефикасност и економичност при потрошувачката на гориво, но се очекува задржување на истата излезна моќност и перформанси од Ф1 болидите. Рено е пионер на оваа технологија кај својата серија на енергетски мотори за конвенционалните автомобили. Именување на Ф1 моторната едница како Energy F1 создава непрекинат низа, од Клио до нашиот тркачки оддел. "
* Сите коментари се прегледуваат пред да се објават.