Никола Прост, Давиде Валсеки и Кими Раиконен ќе возат за Лотус Ф1, на модификуваниот тест на млади возачи, кој ќе се одржи во текот на наредната недела на патеката во Силверстоун.
На оваа тест сесија, првично наменета исклучиво за млади возачи, ќе настапат и тековните возачи, кои треба да ги тестираат новите гуми на Пирели. Никола Прост ќе вози во среда, по што следуваат Давиде Валсеки, во четврток, и Кими Раиконен во петокот. За Никола Прост и Давиде Валсеки ова ќе биде втора тест сесија, по претходно учество на тест сесијата за млади возачи во Абу Даби во 2012 година.
Ерик Булие, тимскиот шеф на Лотус изјави: "Ова е одлично време за тестирање во средината на сезоната, што ни овозможува да ги процениме новите делови што ги имаме подготвено за E21, како што се интензивира битката за шампионатот. Неверојатно, но времето во Велика Британија е особено добро, па ние со нетрпение очекуваме да добиеме многу податоци во текот на трите тест дена. Со овој тест Никола и Давиде добиваат непроценливо искуство, а исто така ние добиваме повратни информации. Тоа е исто така прекрасна втора можност за сите Формула 1 фанови да дојдат и да ги видат Ф1 тимовите во акција во Силверстоун."
ПРОСТ, ВАЛСЕКИ И РАИКОНЕН ЌЕ ЈА ЗАВРШАТ ДОМАШНАТА РАБОТА ЗА ЛОТУС Ф1 НА СИЛВЕРСТОУН
7/12/2013 06:38:00 PM
0
Share to other apps