Знаеме дека до ФИА беше предложено тест сесијата за млади возачи, која ќе се одржи следната недела на Силверстоун, да биде продолжeна за додатен еден ден, со што би се отворила можност за тимот на Мерцедес АМГ, кој има три-дневна забрана, да ги испроба новите гуми на Пирели кои ќе се возат од Унгарија. Но, ФИА потврди дека ќе има само три дена тестирање на Силверстоун. Сега шпекулациите одат во насока дека на Германскиот тим ќе му се помогне со барем еден ден тестирање, поради безбедносни причини. Сите во Мерцедес АМГ се прашуваат, како би можеле да се тркаат на "слепо" во Унгарија без нити еден километар поминат на новите гуми.
Лошата вест пак за Ферари, е што италијанскиот тим го ангажирал Фернандо Алонсо да учествува во Силверстоун, но ако се тестираат само гумите, тој нема да учествува. ФИА, исто така потврди дека на тест сесијата актуелните возачи може да ги тестираат само гумите на Пирели. Управното тело ќе назначи набљудувачи на лице место "да се оосигура" дека промените направени на болидите, се исклучиво поврзани со тестирање на гумите.
Тимскиот шеф на Ферари, Стефано Доменикали, изјави за Марка: "Ние во моментов не знаеме каква ќе биде програмата и што ќе можеме да направиме таму."
ФИА СО ЛОШИ ВЕСТИ ЗА МЕРЦЕДЕС АМГ И ФЕРАРИ
7/10/2013 05:24:00 PM
0
Share to other apps